Вечер гледајте ја претставата „Сомнително лице“ на МНТ од дома


Македонскиот народен театар овозможува гледање на неколку нивни претстави од дома, односно на нивниот јутуб канал, како мал придонес по воведување на мерките за борба против корона вирусот, кога граѓаните треба да останат дома.

– Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас.

Од утре со почеток од 20 часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно преку нашиот YouTube-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“.

Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн  соопштија од МНТ.