Царовска: Фабриките да воведат четири смени


Фото: Б. Грданоски

Фабриките и претпријатијата кои работат со многу луѓе, да ги распределат работните часови во четири смени, и по секоја смена да ги дезинфицираат погоните, препорачува Владата.

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, денеска на прес-конференција, рече дека по новонастанатата состојба по воведување на повеќе мерки за заштита од корона вирусот, се наметнало прашањето што со оние компании кои работат во погони со многу вработени.

Со цел заштита на вработените, Владата одлучи да им препорача, рече Царовска, да го растоварат бројот на вработени со воведување четири смени.

Секако, и да ги дезинфицираат просториите.