Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност


 Пентагон денеска соопшти дека воени претставници од САД и од повеќе европски земји разработуваат сценарија за Украина, кои ќе бидат претставени на советниците за национална безбедност. Американските и европските воени претставници веќе ги проучуваат безбедносните гаранции за Украина по завршување на војната, откако претседателот Доналд Трамп вети дека САД ќе помогне во заштита на земјата. …

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност Read More »

Мексиканката Овале стана најскапа фудбалерка во историјата


 Мексиканката Лизбет Овале стана најскапата фудбалерка во историјата откако американскиот фудбалски тим Орландо Прајд му плати на нејзиниот поранешен клуб, Тигрес УАНЛ Феменил, 1,5 милиони долари отштета. Овале потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката до 2028 година. Трансферот на 25-годишната мексиканска интернационалка е рекорден во историјата на женскиот фудбал. Претходниот рекорд го …

Мексиканката Овале стана најскапа фудбалерка во историјата Read More »

Младиот боксер Еди Насуфи загина во сообраќајка кај Велешта


Македонскиот бокс е завиен во црно по трагичната вест за смртта на младиот боксер Еди Насуфи, кој загина во сообраќајна несреќа ноќеска. Тој имаше само 19 години. „На 20.08.2025 околу 23.30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) …

Младиот боксер Еди Насуфи загина во сообраќајка кај Велешта Read More »

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје,постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ. …

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари Read More »

Литванија прогласи зона забранета за летови на границата со Белорусија


Литванија прогласи зона забранета за летови во близина на границата со Белорусија до 1 октомври поради дроновите кои навлегуваат од соседната држава. – Одлуката е донесена поради безбедносната ситуација и заканите по општеството, вклучително и опасноста за цивилното воздухопловство поради нарушување на воздушниот простор од страна на беспилотни летала, изјави портпаролот на литванското Министерство за …

Литванија прогласи зона забранета за летови на границата со Белорусија Read More »

Елитни руски војници се повредувале себеси и своите соборци за да добијат отштета


 Повеќе од 30 припадници на елитната 83-та руска воздушно-десантна бригада намерно се раниле себеси и своите соборциза да лажираат повреди во борба и нелегално да соберат отштета до 37.000 долари по лице, откри истрагата на Главниот воен истражен оддел на Истражниот комитет на Русија, објави Јунајтед24. Според истрагата, војниците намерно си нанеле рани од огнено …

Елитни руски војници се повредувале себеси и своите соборци за да добијат отштета Read More »

Комисија со експерти од три различни земји ќе проверува дали имало непотребни операции за профит


Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора задолжително да ги отворат базите со информации, за таа цел Комисија во Министерството работи на отстранување на евентуални законски пречки, истакна министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција. -Веќе работи комисија кај нас, ако има законски пречки да се отстранат веднаш, наредната недела и ќе пуштиме …

Комисија со експерти од три различни земји ќе проверува дали имало непотребни операции за профит Read More »

Ќе се набавуваат 100 нови модерно опремени амбуланти возила


Амбулнатни возила, ќе набавува Владата во следниот период, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање со оглед дека сегашните се застарени. Тој рече дека на последната седница на Владата е донесена одлука за почнување набавка за купување 100 нови модерно опремени амбулантни возила. – Наш главен приоритет е обновата на овој тип на …

Ќе се набавуваат 100 нови модерно опремени амбуланти возила Read More »

Оштетени две возила во Скопје од заталкани зрна од огнено оружје


Во два одделни инциденти, оштетени се два автомобили, паркирани во Ѓорче Петров и во Центар, од заталкани зрна од огнено оружје. На 20.08.2025 во 16:15 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(40) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото …

Оштетени две возила во Скопје од заталкани зрна од огнено оружје Read More »

Јакимовски ги прашува Мицкоски и Лукровски: Како децата од градинките ќе влијаат на подобрување на бизнис климата?


Со барањата испратени од Сотир Лукровски, кого владејачката ВМРО-ДПМНЕ го номинира за кандидат за градоначалник на Карпош, до фирмите, градинките и училиштата во оваа скопска општина, се кршат законите и се врши невиден притисок врз обични стопанственици, сметаат од Општина Карпош.  Затоа, преку соопштение, Општина Карпош го замолува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, да го посоветува …

Јакимовски ги прашува Мицкоски и Лукровски: Како децата од градинките ќе влијаат на подобрување на бизнис климата? Read More »

Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца


За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во населбата Драчево, најави денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид на активностите на терен.  Во објектот со три занимални, со вкупна површина од 300 метри квадратни ќе бидат згрижени 75 дечиња.  – Во општина …

Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца Read More »

Гори објект во сопственост на „Макотекс“ во Карпош 4


Голем пожар денеска околу пладне зафати објект во скопската населба Карпош. Се работи за простории кои порано биле во сопственост на „Макотекс“, а сега, според првични информации, служат како сервис за возила. Засега нема информации дали во моментот на избувнувањето имало луѓе во објектот. Причините за пожарот не се познати. Видео од местото ја прикажува …

Гори објект во сопственост на „Макотекс“ во Карпош 4 Read More »

Украина планира в година да започне со масовно производство на крстосувачките ракети „Фламинго“


Украина на почетокот на 2026 година ќе започне со масовно производство на крстосувачки ракети FP-5 „Фламинго“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, изминатиов период имало успешни тестирања на ракетата „Фламинго“ што ќе има досег од 3.000 километри, објави „Униан“. Зеленски додаде дека сè додека Украина не може да користи стотици ракети, подетална дискусија за …

Украина планира в година да започне со масовно производство на крстосувачките ракети „Фламинго“ Read More »

Почна спасувањето на политичкиот давеник Додик: По итна постапка се менува Законот за референдум


Утре во 10 часот ќе се одржи посебна седница на Народното собрание на Република Српска, беше одлучено по утринската телефонска седница на Колегиумот на НСРС. На предложениот дневен ред има четири точки. – Прифаќање на оставката на премиерот на Република Српска; – Информација за пресудата на Судот на Босна и Херцеговина изречена за претседателот на …

Почна спасувањето на политичкиот давеник Додик: По итна постапка се менува Законот за референдум Read More »

Александар Николоски по кој знае кој пат е во Будимпешта


  Будимпешта, главниот град на Унгарија, е омилената политичка дестинација на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја посети Будимпешта неброено пати. Сега пак е во градот на Дунав и разговара со претставници на најбратската партија на ВМРО-ДПМНЕ – владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан. Министерството за …

Александар Николоски по кој знае кој пат е во Будимпешта Read More »

Исчистено околу контејнерите во Дебар Маало и во Буњаковец


Општина Центар изутринава започна со интензивна акција за миење и чистење на просторот околу контејнерите во населбите Буњаковец и Дебар Маало, со цел подобрување на јавната хигиена и овозможување почиста и поздрава средина за центарци. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека чистите улици не се прашање само на изглед, туки и на здравје и квалитет на …

Исчистено околу контејнерите во Дебар Маало и во Буњаковец Read More »

Неефикасен е системот за заштита на жените жртви на родово и семејно насилство


Мерките и активностите на институциите не обезбедуваат соодветна и ефективна поддршка, заштита и реинтеграција на жените жртви на родово базирано и семејно насилство. Системот за заштита е сè уште недоволно развиен, а бројките за жртви и сторители на кривични прекршочни дела во врска со семејно насилство покажуваат загрижувачки континуитет, без подобрување на состојбата. Во 2023 …

Неефикасен е системот за заштита на жените жртви на родово и семејно насилство Read More »

Авионско прскање против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 22.08.2025 и на 23.08.2025 година (петок и сабота), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.   Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските …

Авионско прскање против комарци во Скопје Read More »

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони


Архитектонска и енергетска надградба на постоечките објекти и инфраструктура, сообраќајна надградба на патната мрежа преку прераспоредување на активностите, како и обезбедување на потребните услови за значително подобрување на услугите за пасошката, царинската, фитосанитарната и ветеринарната контрола, предвидува проектот „Надградба на граничниот премин Евзони – Килкис“ на Министерството за внатрешни работи на Грција, јави дописничката на …

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони Read More »

Ќе продолжи со изградба надградбата на ООУ „Ацо Шопов“ во Радишани


Во заедничка соработка со Министерството за образование и наука ги надминавме проблемите со кои се соочивме при изведба на новата надградба на ООУ „Ацо Шопов”, информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски преку социјалните мрежи. Новиот објект ќе содржи нови четири училници, со модерен хол, тоалети и сите други неопходни простории. „Оваа надградба ќе биде …

Ќе продолжи со изградба надградбата на ООУ „Ацо Шопов“ во Радишани Read More »