Грчки медиуми: 29 нови случаи на Ковид-19 на Промахонас


На граничниот премин Промахонас (Кулата) регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19 кај туристи од Бугарија и Грција, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на свои извори. Откако во изминатиот период се зголеми бројот на „увезени случаи“ на коронавирусот во Грција, на единствениот отворен граничен премин за туристи, претставниците на Националната организација за јавно здравје веќе …

Грчки медиуми: 29 нови случаи на Ковид-19 на Промахонас Read More »

Расте бројот на заразени со корона вирус во Бугарија, денеска 330


Во Бугарија расте бројот на новозаразени со коронавирусот, откако во последните 24 часа се регистрирани 330 нови случаи. Тестирани се 3.686 луѓе, а починале уште три лица. Вчера беа регистрирани 240 нови случаи, а завчера, 188. Во изминатото деноноќие оздравеле 63 лица. Во болниците се лекуваат 525 пациенти, од кои 28 се на интензивна нега. …

Расте бројот на заразени со корона вирус во Бугарија, денеска 330 Read More »

Вујин потпиша двегодишен договор со Вардар


Српскиот интернационалец Марко Вујин потпиша двегодишен договор со Вардар 1961, соопштија од македонскиот шампион. Десниот бек кој зад себе има богата интернационална кариера го одбра бројот 41 на дресот со кој ќе настапува во „црвено-црниот“ тим. Вујин има настапувано за Синтелон, Дунафер, Веспрем, Кил и Спортинг Лисабон.

Конте: Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба


Вонредната состојба во Италија, прогласена како одговор на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, најверојатно ќе биде продолжена по 31 јули, изјави денеска премиерот Џузепе Конте. Според ситуацијата во која земјата се наоѓа моментално, како што рече, „разумно е да продолжи вонредната состојба“, пренесува Би-Би-Си. Тој истакна дека мерките се донесени за да се држи …

Конте: Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба Read More »

Германски виролог: Ќе има и трет бран


  Германскиот виролог Хендрик Штрек, смета дека ќе дојде и до втор и до трет бран од Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее до корона вирусот. Штрек, во една јавна ТВ емисија, рече дека очекува брз развој на вакцина. Во блиска иднина тој не глед апродор во развој на вакцина, и покрај …

Германски виролог: Ќе има и трет бран Read More »

Рекордни бројки новозаболени од Ковид-19 во Токио, Индија и Мексико


Во последното деноноќие Токио, Индија и Мексико изброија рекордни бројки новозаболени од корона вирус. Во последните 24 часа во Мексико се регистрирани 7.280 нови случаи на корона вирусот, што е нов рекорд по бројот на пациенти за еден ден, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата. За еден ден е регистриран и рекорден број на …

Рекордни бројки новозаболени од Ковид-19 во Токио, Индија и Мексико Read More »

Светиниколската конфекција „Мода“ ги затвори погоните


Светиниколската фабрика „Мода“ го затвара погонот по добивањето на резултатите од скринингот на 210 работници, информира градоначалникот на Општина Свети Нилоле, Сашо Велковски. -Врз основа на новодобиените информации за бројот на заболени од КОВИД-19 и препораките од Министерството за здравство и Кризниот штаб на Општина Свети Николе, менаџментот на фабриката Мода АД и Камотекс ДООЕЛ …

Светиниколската конфекција „Мода“ ги затвори погоните Read More »

Во БиХ нови 310 заразени, најмногу од почетокот на епидемијата


Во Босна и Херцеговина денеска се регистрирани 310 новозаразени о корона вирус, потврдено е од ентитетските здравствени институции. Во последните 24 часа во федерацијата БиХ тестирани се 1.199 примероци, од кои 196 се позитивни на корона вирус. Вкупно до сега во Федерацијата се тестирани 65.694 примероци, а Ковид-19 откриен е кај 3.320 лица. До сега …

Во БиХ нови 310 заразени, најмногу од почетокот на епидемијата Read More »

Приведени крадци на велосипеди во Скопје


На 08 и 09.07.2020 од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при  преземени мерки и активности лишени биле од слобода Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди и Х.К.(53) од Скопје поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело “прикривање“. Имено …

Приведени крадци на велосипеди во Скопје Read More »

Повредени шест полицајци и уапсени девет лица во вчерашните протести во Атина


Во инцидентите што вчера се случија пред грчкиот Парламент за време на протестот против новиот закон за демонстрации, штрајкови и собири, повредени се шест полицајци, а уапсени се девет лица, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис, во чија надлежност е полицијата говорејќи во Парламентот за инцидентите, рече дека имало …

Повредени шест полицајци и уапсени девет лица во вчерашните протести во Атина Read More »

Меркел: После оваа криза, картите повторно ќе бидат измешани


Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика Европејците на храбар реформски курс со цел посилни да излезат од кризата со коронавирусот. – Помошта што не е поврзана со реформите и насочувањето кон иднината нема да помогне на крајот, рече Меркел пред состанокот со холандскиот колега Марк Руте. Таа синоќа истакна дека „светот не спие“. – После …

Меркел: После оваа криза, картите повторно ќе бидат измешани Read More »

„Дрекслмајер“: Ги преземаме сите мерки против Ковид-19, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе


 Ги преземаме сите мерки против коронавирус, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе, изјавија денеска за МИА од германската фабрика „Дрекслмајер“, по информациите дека трет работник од компанијата е позитивен на вирусот Ковид-19. – Постојано сме во контакт со епидемиологот и надлежните институции, сите мерки пропишани од надлежните се преземаат во работната околина, плус …

„Дрекслмајер“: Ги преземаме сите мерки против Ковид-19, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе Read More »

Млад прилепчанец загина во сообраќајка


Изминатото деноноќие се случиле три одделни сообраќајни незгоди на територијата на државата, при што во едната загинал сопатник, а возачот е повреден, во Скопје прегазен е пешак, а во тетовско возило излетало од пат, при што повредени се возачот и сопатникот. Во четвртокот, околу 22.30 на регионалниот пат Велес – Прилеп, во атар на село …

Млад прилепчанец загина во сообраќајка Read More »

На скопскиот аеродром приведен гостиварец осомничен за загрозување на сигурноста


На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ синоќа е приведен М.М. (28) од Гостивар, кој потоа е предаден на Полициската станица Гостивар, затоа што се барал со централен распис од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар. МВР денеска соопшти дека на 06.07.2020 против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, предвидено …

На скопскиот аеродром приведен гостиварец осомничен за загрозување на сигурноста Read More »

УС Опен ќе се одржи и покрај мерките во Њујорк


УС Опен нормално ќе се одржи од 29 август до 13 септември, и покрај новите мерки во Њујорк, според кои сите големи настани во овој град ќе бидат забранети до септември. За да се спречи епидемијата на коронавирус, надлежните во „големото јаболко“ забранија одржување на големи собири, но тоа не важи за УС Опен, кој …

УС Опен ќе се одржи и покрај мерките во Њујорк Read More »

На полноќ крај на вонредната санитарна состојба во Франција


Ноќеска на полноќ  Франција излегува од вонредната санитарна состојба, но тоа не значи дека државата ја напушта можноста за силни и строги мерки против новиот коронавирус, јави дописникот на МИА. Излегувањето од вонредната состојба беше изгласано од Парламентот на 4 јули, но законот што ја опфаќа таа нова фаза не се откажува од  сите мерки …

На полноќ крај на вонредната санитарна состојба во Франција Read More »

Деркоски: Граѓаните масовно да гласаат и да не се плашат за своето здравје


– Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал, а деновиве се врши и дезинфекција на сите гласачки места во државата – изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. Деркоски како прв човек …

Деркоски: Граѓаните масовно да гласаат и да не се плашат за своето здравје Read More »

Ужасна ноќ во Нови Пазар: Починаа 10


  Во Нови Пазар, Србија. минатата ноќ починаа дури 10 пациенти заразени со корона вирус, пренесе Б92. Како што рече за ТВ Прва утрово координаторот од новопазарската болница д-р Мирсад Џерлек, се работи за пациенти на постара возсраст и нагласи дека ниеден млад човек нема меѓу починатите. „Тешка ноќ е зад нас, се тоа се …

Ужасна ноќ во Нови Пазар: Починаа 10 Read More »

Хонг Конг ги затвори сите училишта поради новозаразени со Ковид-19


Бирото за образование на Хонг Конг денеска објави прекин на работата на сите училишта од понеделник по пик на новозаразени со Ковид-19 што ги разгоре стравувањата за ширење. Училиштата во азискиот финансиски центар во најголем дел се затворени од февруари, при што многумина се префрлија на учење преку интернет и лекции преку конференциски повик. Многу …

Хонг Конг ги затвори сите училишта поради новозаразени со Ковид-19 Read More »

Се подобруваат условите на Клиниката за нефрологија, реновирањата во завршна фаза


Привршуваат активностите со кои се реновираат оддели и се менува медицинскиот и немедицински инвентар во Универзитетска клиника за нефрологија. – Станува збор за комплетно реновирање на првиот кат на клиниката, каде се сместени одделите за интензивна нега, одделот за трансплантација, како и одделот за акутна и хронична дијализа и хируршка сала за обезбедување васкуларни пристапи …

Се подобруваат условите на Клиниката за нефрологија, реновирањата во завршна фаза Read More »