Вујин потпиша двегодишен договор со Вардар

Српскиот интернационалец Марко Вујин потпиша двегодишен договор со Вардар 1961, соопштија од македонскиот шампион.

Десниот бек кој зад себе има богата интернационална кариера го одбра бројот 41 на дресот со кој ќе настапува во „црвено-црниот“ тим.

Вујин има настапувано за Синтелон, Дунафер, Веспрем, Кил и Спортинг Лисабон.