Ужасна ноќ во Нови Пазар: Починаа 10


 

Во Нови Пазар, Србија. минатата ноќ починаа дури 10 пациенти заразени со корона вирус, пренесе Б92.

Како што рече за ТВ Прва утрово координаторот од новопазарската болница д-р Мирсад Џерлек, се работи за пациенти на постара возсраст и нагласи дека ниеден млад човек нема меѓу починатите.

„Тешка ноќ е зад нас, се тоа се луѓе постари од 75 години, ниеден не го изгуби животот затоа што не му била пружена медицинска помош“, вели Џерлек.

Инаку, денеска во Нови Пазар пристигнува тим лекари од Босна и Херцеговина за да му помогнат на Нови Пазар во борбата против корона вирусот.