Млад прилепчанец загина во сообраќајка


Илустрација

Изминатото деноноќие се случиле три одделни сообраќајни незгоди на територијата на државата, при што во едната загинал сопатник, а возачот е повреден, во Скопје прегазен е пешак, а во тетовско возило излетало од пат, при што повредени се возачот и сопатникот.

Во четвртокот, околу 22.30 на регионалниот пат Велес – Прилеп, во атар на село Присад, прилепско, патничко возило „фолксваген голф”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(26) од Прилеп, излетало од патот. Во незгодата, сопатникот М.Х.(35) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, каде потоа починал. Додека, пак, Д.Ш. се здобила со телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

Истиот ден, во 17.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Скупи“, патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(35) од Скопје удрило во пешакот Ф.Ј.(57) од с.Шишево, скопско. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 7.15 часот, пак, било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, пред наплатна станица Желино, товарно возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Д.С.(36) од Скопје се здобил со телесни повреди, констатирани во тетовската клиничка болница, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.