Германски виролог: Ќе има и трет бран


 

Германскиот виролог Хендрик Штрек, смета дека ќе дојде и до втор и до трет бран од Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее до корона вирусот.

Штрек, во една јавна ТВ емисија, рече дека очекува брз развој на вакцина.

Во блиска иднина тој не глед апродор во развој на вакцина, и покрај фактот што во потрага ширум светот се вклучени голем број луѓе.

Штрек не е уверен во досегашните резултати во развој на вакцина или лек.

Затоа, вели, луѓето мора да научат да живеат со корона вирусот.

„Мора да се помириме со тоа и да направиме најдобро што можеме. Тоа значи дека конкретно, постојано ќе имаме осцилации, што веќе сега е случај. Исто така, мора секогаш да сметаме на ново жариште, како што беше случај во Гитерслоу“, објасни еден од водечките виролози во Германија.