Нова регионална кошаркарска лига: Клубови од Бугарија, Македонија, Србија и Грција


  Георги Глушков, претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Бугарија, изнесе идеја за формирање ново кошаркарско натрпеварување. Глушков има идеја за нова регионална лига, во која би играле клубови од Бугарија, Македонија, Србија и грција. Идејата бепе Бугарите и Македонците да направат нова лига, но сега се приклучија и Грција и Србија. Претседателот на КСБ Глушков …

Нова регионална кошаркарска лига: Клубови од Бугарија, Македонија, Србија и Грција Read More »

По три месеци Шпанија без жртви од Ковид-19


  Во Шпанија денеска за прв пат од март не е забележан ни еден смртен случај од Ковид-19. Директорот на Центарот за координација на здравствените служби Фернандо Симон денеска рече дека во последните 24 часа забалежани се 71 нов случај од корона вирус, а дека смртни случаи немало. Според него тоа е многу охрабрувачки. Првите …

По три месеци Шпанија без жртви од Ковид-19 Read More »

Убави вести од Италија: Најмалку заразени од 26 февруари наваму


  Во Италија денеска регистрирани се само само 178 новозаразени, а пад е забележан во сите региони вклучително и Ломбардија, најтешко погодениот регион. Исклучок е само Лигурија, каде бројот на нови случаи е во пораст. Имено, според последните податоци таму се регистрирани 56 случаи, додека во Ломбардија има 50 нови случаи на Ковид-19. Сепак, 178 …

Убави вести од Италија: Најмалку заразени од 26 февруари наваму Read More »

Ливерпул на колена во спомен на Џорџ Флојд


Фудбалерите на Ливерпул го испочитуваа споменот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина поради полициска бруталност. Голем број на играчи на тимот ја објавија истата фотографија на Твитер. На неа, тие се клекната во центарот на полето „Енфилд“, а придружниот коментар на секој од нив е: „#BlackLivesMatter“.

Д-р Жан Митрев: Мора да бидеме Швеѓани


Мора да сфатиме дека мора да бидеме Швеѓани – рече половина на шега д-р Жан Митрев гостувајќи во „Само вистина“ за да опише дека корона вирусот мора да не натера да ги смениме навиките. Тој вели дека ќе мора да се откажеме од секојдневни навики, такви според кои сме живееле стотици, илјадници години, со цел …

Д-р Жан Митрев: Мора да бидеме Швеѓани Read More »

„Анонимус“ повторно активни, сакаат да ги разоткријат злосторствата на полицијата


Убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд ја поттикна хакерската група „Анонимус“ повторно да се активира и вети дека ќе открие бројни злосторства извршени од полицијата во Минеаполис. Групата, која е позната по таргетирање и кибер напади, се смири во последните години, но по последните настани во САД и масовните протести, одлучи да „излезе од сенка“, јави …

„Анонимус“ повторно активни, сакаат да ги разоткријат злосторствата на полицијата Read More »

Клуге: Втор и посмртоносен бран на Ковид-19 можен наесен


Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге предупреди дека може да се случи втор, посмртоносен бран на Ковид-19 оваа есен, пренесе британски Сан. Тој посочи дека иако бројот на заболени од вирусот се намалува, тоа не значи дека пандемијата е завршена и истакна дека земјите треба да се подготват за вториот бран со …

Клуге: Втор и посмртоносен бран на Ковид-19 можен наесен Read More »

Нема карантин ако македонски државјани одат во Бугарија


Директорите на регионалните здравствени инспекторати ја укинаа наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Република Бугарија во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година, а се од земјите членки на Европската унија, од Србија и Северна Македонија. Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за карантинот не е контакт со лице …

Нема карантин ако македонски државјани одат во Бугарија Read More »

Градоначалникот на Бутел во самоизолација


Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски од вчера е во самоизолација, поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која е позитивна на Ковид-19. – После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со неа минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно …

Градоначалникот на Бутел во самоизолација Read More »

Затворени пет конфекции во Штип, не сакаат карантин во градот


  Пет конфекции од каде потекнуваат најголем број од заразените со Ковид-19 се затворени, а вработените треба да останат во самоизолација одлучи денеска Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав. На состанокот присуствувале претставници од ЦЈЗ Штип, ДСЗИ Штип, СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, ТППЕ Штип, Дирекција за заштита и …

Затворени пет конфекции во Штип, не сакаат карантин во градот Read More »

За само еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед


Вкупно 696 барања до сега се поднесени од страна на граѓаните за субвенции за купен велосипед и 91 барање за субвенции за купен тротинет, откако вчера Град Скопје ги објави јавните повици. Градот Скопје нагласи дека новитет оваа година е што граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од …

За само еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед Read More »

Тројца мртви во Сурдулица: Прегазил маж, ја пробол сопругата со нож, па си го пресекол вратот


На влезот во Новa населба во Сурдулица денеска околу 1.45 часот беа пронајдени три безживотни тела до возилото „Опел Зафира“, соопштија од српското МВР. Сомневањата се Д.А. (52) додека управувал со возило на самото место усмртил 52-годишен маж (С.С), а потоа излегол од возилото и со нож ја убил својата четириесет и шестгодишна сопруга (Е.С). …

Тројца мртви во Сурдулица: Прегазил маж, ја пробол сопругата со нож, па си го пресекол вратот Read More »

Премиерот Спасовски негативен на корона вирус, останува во домашна изолација


Премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави дека тестот за корона вирус што му бил направен е негативен, но оти останува во домашна изолација додека ги добие препораките од епидемиолозите. -Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од …

Премиерот Спасовски негативен на корона вирус, останува во домашна изолација Read More »

Филипче: Да научиме да живееме со вирусот, има планови до 2025 година


Задолжителното носење заштитни маски е добра одлука, заради постоењето голем број асимптоматски носители на коронавирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. – Огромен е делот на асимптоматски носители, точниот процент би бил шпекулација и тоа го видовме и од овие изминати неколку денови кога ги тестираме и анализираме контактите на претходно дијагностицираните. …

Филипче: Да научиме да живееме со вирусот, има планови до 2025 година Read More »

За Задушница може да има поригорозни мерки, ако луѓето не ги почитуваат мерките


Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, некаде ноќе, а некаде преку ден. Се собираат многу луѓе на едно место, а се дели храна, се даваат земјени чашки со цреши. Министерот за здравство Венко Филипче, вели дека го имаат предвид празникот, па „ќе носиме одлука деновиве. Имаме време до викендот, ќе …

За Задушница може да има поригорозни мерки, ако луѓето не ги почитуваат мерките Read More »

Јовановски: Тврдењата на обвинителката се цитати од филмови, а не цврсти докази


Пред вас е идниот лидер на оваа земја, бидејќи не учествувам во кривично правен настан, туку во политички прогон и 11 месеци сум држен во притвор, рече обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 во завршен збор за случајот „Рекет“. На почетокот, Јовановски се пожали што во судница не е присутна јавната обвинителка Вилма Русковска, за …

Јовановски: Тврдењата на обвинителката се цитати од филмови, а не цврсти докази Read More »

Филипче: Не е време за отворање на границите


Министерот за здравство Венко Филипче смета дека со оглед на тоа дека се зголемува бројот на новозаболени, Македонија не треба да ги отвори своите граници за соседите и за странци од други земји се уште. Тој вели дека е свесен оти Србија ги отвора границите, исто и Бугарија, но дека постои ризик луѓето што од …

Филипче: Не е време за отворање на границите Read More »

(Видео) Демонстранти запалија црква во близина на Белата куќа


Повеќе пожари избија во близина на Белата куќа, откако мирните протести се претворија во вандализам, резултирајќи со палење на згради и масовни кражби. На само 300 метри од седиштето на американскиот претседател се наоѓа црквата „Сент Џон“, која била мета на подметнат пожар. Снимките од местото на инцидентот покажуваат оган се шири низ храмот, чии …

(Видео) Демонстранти запалија црква во близина на Белата куќа Read More »

Се разговара за воведување рестриктивни мерки во Сарај, Чаир, Гази Баба, Студеничани, Штип


Утрово се разговарало и за носење порестриктивни мерки, но заеднички став е да се почека уште неколку дена, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Под рестриктивни мерки се смета ограничување на движењето на граѓаните локално каде има повеќе случаи, а исто така и воведување полициски час, исто така локално во општините каде …

Се разговара за воведување рестриктивни мерки во Сарај, Чаир, Гази Баба, Студеничани, Штип Read More »

Избоден маж пред угостителски објект во Чаир


Во неделата, во 21.08 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди во неконтактибилна состојба бил донесен Е.Ј.(31) од Скопје. Дежурниот доктор констатирал дека повредениот се здобил со пет убодни рани во пределот на стомакот. Според добиените информации, Е.Ј. бил повреден во угостителски објект на ул.„Џон …

Избоден маж пред угостителски објект во Чаир Read More »