За Задушница може да има поригорозни мерки, ако луѓето не ги почитуваат мерките


Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, некаде ноќе, а некаде преку ден.

Се собираат многу луѓе на едно место, а се дели храна, се даваат земјени чашки со цреши.

Министерот за здравство Венко Филипче, вели дека го имаат предвид празникот, па „ќе носиме одлука деновиве. Имаме време до викендот, ќе процениме како луѓето се движат“.

Не беше прецизен ни претходно кога кажа дека луѓето не ги почитуваат мерките, не носат маски и ракавици, па заради тоа доаѓа до ширење на болеста, а ги почитуваат само најригорозните мерки, како карантин и полициски час.

– Сите опции се во игра – вели Филипче, повторно прашан за Задушница.

Сепак, треба да почекаме до крајот на работната недела за да ги слушнеме одлуките на Владата во однос на овој празник, каде луѓето вообичаено се собираа надвор.