Избоден маж пред угостителски објект во Чаир


Во неделата, во 21.08 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди во неконтактибилна состојба бил донесен Е.Ј.(31) од Скопје.

Дежурниот доктор констатирал дека повредениот се здобил со пет убодни рани во пределот на стомакот. Според добиените информации, Е.Ј. бил повреден во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во понеделник, пак, околу 1 часот во Полициската станица Куманово, М.Т.(28) од Куманово пријавил дека на 31.05.2020 околу 23.30 часот бил физички нападнат од неколку лица кои ги познава, при што бил прободен со остар предмет на левата рака. Според пријавеното,  додека бил во возило „бмв“ со неговиот пријател М.Д. од Куманово во близина на угостителски објект на бул.„Октомвриска Револуција“, им се доближиле лицата и физички го нападнале М.Т., при што еден од нив со остар предмет му нанел убодна рана на левата надлактица. После тоа, тие заминале во болницата во Куманово каде му била укажана лекарска помош. Во врска со настанот приведени биле А:Р.(32), Д.А.(19), А.Г.(27), М.З.(30) и Д.П.(26), сите од Куманово. По целосно документирање на случајот, СВР Куманово ќе поднесе соодветна пријава.