Меркел го откажа самитот на ЕУ за Кина закажан за ноември


Неформалниот самит на ЕУ за политиката за Кина, закажан за 26 ноември во Берлин, е откажан поради пандемијата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на шефовите на држави и влади на Европската унија во Брисел. – Денеска, во екот на пандемијата, јасно ставив до знаење дека, за жал, нема да можеме да го одржиме …

Меркел го откажа самитот на ЕУ за Кина закажан за ноември Read More »

Засега нема промени во начинот на одвивање на наставата


Засега не се планираат промени на досегашниот начин на одвивање на образовниот процес, рече Арафат Шабани заменик министерот за образование и наука по посетата на неколку училишта во Гостивар. Тој лично очекува епидемоилошката состојба да се подобри, но доколку здравствените власти оценат дека училиштата треба да се затворот, ќе се премине на онлајн настава. Шабани …

Засега нема промени во начинот на одвивање на наставата Read More »

Србија се врати на старите бројки, денеска 265 новозаразени


  Во Србија денеска се регистрирани уште 265 новозаразени со корона вирусот, а две лица починаа. Тестирани биле 7.429 лица. Во моментов, на респиратори ширум земјата се 23 пациенти. Од март заболеа 35.719, починаа 772, а смртноста е 2,16 отсто.

Поради коронавирусот состаноците на лидерите на ЕУ повторно онлајн


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека лидерите на ЕУ27 ќе одлучат како најдобро да ја продолжат својата работа во пресрет на новиот бран на епидемијата на коронавирусот во Европа. – Ситуацијата е комплицирана, ќе се договориме како ќе продолжиме да работиме. Видео конференциите се добри, но имаат свои граници кога станува збор за чувствителни дебати, рече Мишел. …

Поради коронавирусот состаноците на лидерите на ЕУ повторно онлајн Read More »

НБРМ со кривична против поранешни одговорни лица во Еуростандард за предизвикување стечај на банката


Народната банка информира дека до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје, сега во стечај. -Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни …

НБРМ со кривична против поранешни одговорни лица во Еуростандард за предизвикување стечај на банката Read More »

Армијата на Република Северна Македонија утре во прва мисија како членка на НАТО


Армијата на Република Северна Македонија како 30-та земја членка на НАТО првпат директно учествува во мисијата КФОР. Утре во првата ротација 44 припадници на Армијата ќе се упатат во мисијата на НАТО во Косово, составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“. Со …

Армијата на Република Северна Македонија утре во прва мисија како членка на НАТО Read More »

Рекорд во БиХ: 621 новозаразен во последното деноноќие


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина забелеажн е рекорден број новозаразени со корона вирус, 621, што е најмногу од почетокот на епидемијата. Починаа оум лица, а тестирани се 2.475. Во Федерацијата тестирани се 1.759 примероци, а 371 се позитивни на корона вирус. Досега тестирани се 178.964 примероци, а корона вируст е потврден …

Рекорд во БиХ: 621 новозаразен во последното деноноќие Read More »

За Градежната комора прифатлив предлогот за задолжителен приклучок на парно на новите згради


За Градежната комора при Сојузот на стопанските комори е прифатлив предлогот на Регулаторната комисија за енергетика со Законот за градба инвеститорите да бидат обврзани за приклучување на новите згради на системот за топлинска енергија. На денешната средба со претставници на РКЕ и компанијата за топлинска енергија БЕГ добија ветување дека ќе бидат разгледани нивните забелешки …

За Градежната комора прифатлив предлогот за задолжителен приклучок на парно на новите згради Read More »

Маричиќ: Рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на здравјето


Наша заложба е рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на јавното здравје. Колку повеќе се придржуваме до мерките и препораките кои се досега дадени, толку побрзо ќе ја пребродиме оваа криза, изјави министерот за правда Бојан Мариќ на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа …

Маричиќ: Рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на здравјето Read More »

Притвор за шест лица, расчистено убиството во Прилеп


Прилепската полиција поднесе кривична пријава против шест лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, извршено на 14-ти овој месец на ул. „Дебарца“. – Надворешната канцеларија за криминалистички работи – ОВР Прилеп на 15.10.2020 поднесе кривична пријава против Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А. (26), Џ.Л. (54), С.А. (23) поради основано сомнение дека …

Притвор за шест лица, расчистено убиството во Прилеп Read More »

Хрватска денеска надмина 1.000 нови заболени


Во последните 24 часа забележан е раст на бројот на новозаразени со Ковид-19 во Хрватска. Денешната статистика забележа 1.131 нов случај на зараза, а бројот на активни се искачи на 4.233, објави Штабот. Меѓу нив, 505 пациенти се на болничко лекување, а од нив 24 се на респиратор. Почина едно лице. Сепак министерот за здравство …

Хрватска денеска надмина 1.000 нови заболени Read More »

Белорусија издаде потерница за Тихановска


елорусија издаде меѓународна потерница за Светлана Тихановска, претседателски кандидат на изборите одржани во август годинава, под обвиненија дека повикала да се наштети на белоруската национална безбедност, изјави денеска за агенцијата ТАСС извор од судството во Минск. Според него, „станува збор за повреда според членот 361 од Кривичниот законик на Белорусија (повици за постапување против државни …

Белорусија издаде потерница за Тихановска Read More »

Приведени албански државјани, поради злоупотреба на туристички престој


Тројца албански државјани ќе бидат депортирани во матичната земја, откако биле приведени под сомнение дека работеле на гостиварското подрачје, а имале дозволи само за туристички престој. Во изминатиов период тие биле ангажирани за изведување градежни работи во мавровскиот крај. Според СВР Тетово, вчера  околу  13 часот и 45 минути, во Маврово, полициски службеници на Одделение …

Приведени албански државјани, поради злоупотреба на туристички престој Read More »

Милевски: Пандемијата ги намали парите на општините, потребна државна помош


Средствата за регионален развој за осумте плански региони нема да се намалат во Буџетот за 2021 година. Тоа е според првичните проекции и информации од Министерството за финансии, најави денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој заедно со в.д. градоначалникот на Општина Штип ја посетија сензорната соба во детската градина „Астибо“ во Штип. – …

Милевски: Пандемијата ги намали парите на општините, потребна државна помош Read More »

„Таргет-Тврдина” одложено за 3 ноември зашто Мијалков има Ковид-19


  Судењето за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина” се одложува за 3 ноември, поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, кој е позитивен на корона вирус. Судот информираше дека, според доставениот допис, обвинетиот 10 до 15 дена нема да може да се појави на судско рочиште. На рочиштето пред два дена, кое, исто така, се одложи, …

„Таргет-Тврдина” одложено за 3 ноември зашто Мијалков има Ковид-19 Read More »

Заев: Не сакам да разговарам за „План Б“ за евроинтеграциите, мора да успееме


Во моето скромно политичко искуство како претседател на Владата никогаш не сме разработувале „План Б“, затоа што тогаш би значело дека се откажуваме од „Планот А“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали државата има „План Б“, ако во декември не започнат преговорите за чкленство со ЕУ. – Не сакам да разговарам …

Заев: Не сакам да разговарам за „План Б“ за евроинтеграциите, мора да успееме Read More »

Донација од ЕУ, понудена преку Словачка, за справување со Ковид-19


Европската унија испорача уште една пратка на залихи за Северна Македонија оваа недела, во обид да и помогне на земјата во справувањето со кризата со корона вирусот. Оваа помош е понудена од Република Словачка, преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ, а примопредавањето на донацијата ќе се изврши денеска во касарната „Гоце Делчев”. Помошта се …

Донација од ЕУ, понудена преку Словачка, за справување со Ковид-19 Read More »

Заев е против полициски час


  Премиерот Зоран Заев е против целосно затворање на државата поради зголемениот број случаи со Ковид-19, бидејќи, според него, тоа ќе се одрази на економијата. Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се воведат нови мерки за заштита од епидемијата на коронавирус, рече дека загрижувачки се новите бројки и тоа покажува дека сите треба да …

Заев е против полициски час Read More »

Филипче: Ако се влошат бројките, од понеделник нови рестриктивни мерки


Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција објави дека состојбата со корона вирусот се следи, а доколку викендов се влоши состојбата во понеделник ќе се предложат нови рестриктивни мерки. – Ќе се предложат дополнителни рестриктивни мерки по евалуација на ситуацијата во следните денови и викендов, во понеделник ако има потреба ќе бидат предложени до …

Филипче: Ако се влошат бројките, од понеделник нови рестриктивни мерки Read More »

Две лица обвинети за узурпација на локација прогласена за споменик на природата во Матка


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „узурпација на недвижности“. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец, кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум  со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис прогласена за споменик …

Две лица обвинети за узурпација на локација прогласена за споменик на природата во Матка Read More »