Рекорд во БиХ: 621 новозаразен во последното деноноќие


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина забелеажн е рекорден број новозаразени со корона вирус, 621, што е најмногу од почетокот на епидемијата.

Починаа оум лица, а тестирани се 2.475.

Во Федерацијата тестирани се 1.759 примероци, а 371 се позитивни на корона вирус.

Досега тестирани се 178.964 примероци, а корона вируст е потврден кај 21.345 лица.

Излечени се 16.981, а активни 3.739.

Во Федерацијата има шест смртни случаи, со што бројот на жртви се искачи на 625.

Во Република Српска пак,регистрирани се 242 новозаразени, а починаа двајца. Тестирани се 716 лица.

Досега оздравеа 7.332, починаа 334, а вкупно заболеа 11.154, од 88.364 тестирани.

Во Брчко се регистрирани осум нови случаи.