Србија се врати на старите бројки, денеска 265 новозаразени


 

Во Србија денеска се регистрирани уште 265 новозаразени со корона вирусот, а две лица починаа.

Тестирани биле 7.429 лица. Во моментов, на респиратори ширум земјата се 23 пациенти.

Од март заболеа 35.719, починаа 772, а смртноста е 2,16 отсто.