Хрватска денеска надмина 1.000 нови заболени


Во последните 24 часа забележан е раст на бројот на новозаразени со Ковид-19 во Хрватска. Денешната статистика забележа 1.131 нов случај на зараза, а бројот на активни се искачи на 4.233, објави Штабот.

Меѓу нив, 505 пациенти се на болничко лекување, а од нив 24 се на респиратор. Почина едно лице. Сепак министерот за здравство Вили Берош на прес-конференцијата рече дека во последните 24 часа починале три лица.

Во Хрватска досега се забележани вкупно 23.665 заразени, од кои 345 починаа, а оздравеа 19.087.

До денеска тестирани се 385.072 лица, од нив 5.693 во последните 24 часа.