Заев: Не сакам да разговарам за „План Б“ за евроинтеграциите, мора да успееме

Фото: Б. Грданоски

Во моето скромно политичко искуство како претседател на Владата никогаш не сме разработувале „План Б“, затоа што тогаш би значело дека се откажуваме од „Планот А“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали државата има „План Б“, ако во декември не започнат преговорите за чкленство со ЕУ.

– Не сакам да разговарам за план Б, мора да успееме, нагласи Заев  по извршената обиколка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Според него, единствена опција е со почитување и взаемно разбирање да се изнајдат решенија. – Јас верувам дека постојат решенија и за овие прашања, коишто се сегашен предизвик, потенцира премиерот.

Тој изјави дека верува оти македонско-бугарската Мешовите комисијата за историски прашање ќе успее да најде решение, откако, како што рече, вчера имале „убав позитивен ден“.

– Ние сме многу мал регион, меѓусебно сме историски поврзани и верувам дека ќе бидеме паметни, таа заедничка историја од минатото да не прави поголеми пријатели, а не да не разделува, додаде Заев.

Тој потенцира дека има довлно време да се разгледаат и другите отворени политички прашања, со цел на вземно задволство да продолжат процесите на евроинтрегација на земјава со одржувањето на првата Меѓувадлина конференција со ЕУ во декември

– Реков дека не треба да ја ислучиме можноста дека оваа нема да успее, но истовремено реков и дека ќе направиме се за да можеме да изнајдеме решение. Нашиот народ, целиот македонски народ е позитивен кон бугарскиот народ, и бугарскиот народ е позитивен кон макеоднскиот народ. Верувам дека (бугарскиот) премиер Борисов сака да продолжи да помага на процесите на интеграцијата на Западниот Балкан, но и на Северна Македонија во Европската Унија и во тоа светло ќе ги изнајдеме решенијата. Верувам претстои период на објавување на позитивни информации. Јас сум непоправлив оптимист, а низ оптимизмот и позитивното гедање, гледам и можност за успеси, истакна Заев.

Според него, ако го немаше Гоце Делчев ќе требаше да го измислиме, за да биде мост за пријателство меѓу двете земји.

– Верувам дека ќе бидеме Европејци и со европски дух ќе можеме да најдеме мудри решенија за да можеме заедно да си помагаме и да одиме напред, потенцира премиерот Заев.