Рекордни 2.243 новозаразени лица во Бугарија
Во Бугарија во изминатите 24 часа се потврдени нови 2.243 случаи на заразени со корона вирус, од направени 7.659 тестирања, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата. Во изминатото деноноќие починале 42 лица. Најголем број од новозаразените се во Софија – 913. Меѓу инфицираните со Ковид-19 во земјата се наоѓаат и 1.948 лекари. …