Во Косово има 205 новозаразени, тројца починаа


 

Во Косово денеска се потврдени 205 позитивни случаи од тестирани 943 примероци.

Од последиците на корона вирусот починале тројца пациетни, соопшти Институтот за јавно здравје во Приштина.

Во сооптението се додава дека во последните 24 часа излечени се 62 пациенти, а вкупно 15.150.

Од почетокот на пандемијата регистрирани се 18.148 случаи од 88.090 тестирани, а починаа 666 лица.