(Видео) На површината на Месечината пронајдена вода со помош на телескопот Софиа

Фото: Б. Грданоски

На површината на Месечината е пронајдена вода за првпат со помош на телескопот Софиа, објави администраторот на НАСА, Џим Бриденстајн на својот профил на Твитер.

Тој напиша дека сè уште не е познато дали може да се користи како ресурс.

Деталите за откритието ќе бидат објавени на прес-конференција што ќе се одржи наскоро.

„Софиа“ е посебно преуреден „боинг 747“ кој лета на 99 отсто од атмосферските облаци и чиј телескоп го набљудува инфрацрвениот спектар и може да забележи феномени кои поинаку не е можно да се откријат.

За појавата на вода на Месечината објавени се две студии во магазинот „Природна астрономија“.

Во првото истражување, научниците го следеле изгледот на Месечината во инфрацрвена мрежа. Утврдиле дека на површината на Месечината претежно постои H2O, а не хидроксил.

„Ова откритие е многу значајно“, вели Шуај Ли, научник од Универзитетот на Хаваите и соавтор на една од новите студии.