Во Босна и Херцеговина 697 позитивни на корона вирусот, 30 починаа


  Во последните 24 часа во БиХ тестирани се 1.895 примероци, а заразата е потврдена кај 697 лица. Починаа 30 пациенти. Во Федерацијата пријавени се 1.326 примероци, од кои 501 биле позитивни. Досега се тестирани 262.164 примероци, а корона вирусот е потврден кај 50.958 лица. ДО денеска излечени се 30.792 пациенти, а активни 18.812 случаи. …

Во Босна и Херцеговина 697 позитивни на корона вирусот, 30 починаа Read More »

Во криптата на храмот Свети Сава во Белград погребан српскиот патријарх Иринеј


Во криптата на храмот Свети Сава во Белград, денеска беше погребан поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј. Погребната литургија и опело служеше митрополитот Дабро-Босански Хризостом, со учество на владиците и свештенството на Српската православна црква и гости од други православни цркви, меѓу кои беше и вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион. На …

Во криптата на храмот Свети Сава во Белград погребан српскиот патријарх Иринеј Read More »

„Брако“ го создаде првото возило за чистење во Европа кое испушта вода, место издувни гасови


Велешката компанија „Брако“ ја произведе првата еколошка машина во Европа за одржување хигиена во урбани средини под брендот„Green Machines“ GM 500H2 што работи на водород. Тим од 15 инженери од земјава, во соработка со инженери од Холандија работеа на еколошкото возило за чистење што испушта единствено вода, а не како досегашните издувни гасови. Директорот на …

„Брако“ го создаде првото возило за чистење во Европа кое испушта вода, место издувни гасови Read More »

(Видео) Жугиќ му „подари“ лампиони на Шилегов за да се откаже од новогодишното украсување


Јелена Жугиќ,како советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, порача дека градоначалникот Петре Шилегов треба да се откаже од новогодишното украсување на главниот град и парите да се пренаменат за борбата против коронавирусот. ВМРО-ДПМНЕ, по тој повод, симболично постави лампиони на кои стои вредноста од 200 илјади евра или, како што рече Жугиќ, 15 …

(Видео) Жугиќ му „подари“ лампиони на Шилегов за да се откаже од новогодишното украсување Read More »

Цената на руската вакцина ќе биде пониска од онаа на Фајзер и Модерна


Цената на руската вакцина „Спутник V“ ќе биде значително пониска од цената на вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Модерна“, објавено е на Твитер профилот на Спутник V, пренесува Танјуг. Како што е наведено, објавените цени од 19,5 долари по доза на вакцината „Фајзер“ и 25 до 37 долари по доза на вакцината на „Модерена“ всушност …

Цената на руската вакцина ќе биде пониска од онаа на Фајзер и Модерна Read More »

Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 474 лица


Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 474 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа еден пациент бил …

Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 474 лица Read More »

Во Хрватска нови 3.308 заразени, починаа 49 пациенти


  Во последните 24 часа забележани се 3.308 нови случаи со зараза од корона вирус, а бројот на активни случаи денеска изнесува 19.985. Меѓу нив 2.031 пациент се на болничко лекување. Од нив на респиратор се 223 пациенти. Починаа 49 пациенти, со што бројката на жртви од Ковид-19 се искачи на 1.353. Досега се забележани …

Во Хрватска нови 3.308 заразени, починаа 49 пациенти Read More »

Полицијата растури веселба со 70 гости во Здуње


  Во саботата, во 19.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект во село Здуње, сопственост на Џ.Б.(59) од Гостивар, се одржувала семејна веселба. Од полициски службеници било излезено на местото и во објектот биле затекнати околу 70 гости. Повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид. По …

Полицијата растури веселба со 70 гости во Здуње Read More »

Малолетници со автомобил излетале од пат, повреден едниот


Ноќеска,  во 3.04 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци–Неготино, на влезот кај село Марена, патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Кавадарци, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на …

Малолетници со автомобил излетале од пат, повреден едниот Read More »

Изречени 685 казни за неносење маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 685 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Во Хрватска од полноќ во сила стапија построги епидемиолошки мерки


– На полноќ во Хрватска стапија во сила нови мерки против ширењето на коронавирусот, кои, меѓу другото, предвидуваат затворање на ноќните клубови и казината и ограничување јавните собири, свадбените церемонии и погреби. Новите мерки беа донесени затоа што претходните не резултираа со намалување на бројот на заразени лица, што е важно за олеснување на болничкиот …

Во Хрватска од полноќ во сила стапија построги епидемиолошки мерки Read More »

Засадени нови дрвја во Карпош 3


Општина Карпош засади нови висококвалитетни дрвја и зеленило во рамки на Спортско – рекреативниот центар во ООУ „Лазо Трповски“ во Карпош 3. Покрај пешачката патека се засадија зимзелени садници – туи, а дворот е облагороден и со нови листопадни дрвја: липи, јасени и јавори.   Во должина на заштитната ограда на овој рекреативен центар се …

Засадени нови дрвја во Карпош 3 Read More »

Полицијата санкционираше 105 возачи во Центар


Министерството за внатрешни работи вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на Општина Центар изрече вкупно 105 мерки, меѓу кои пет за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила, а 10 мерки за возење под дејство на алкохол. Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и …

Полицијата санкционираше 105 возачи во Центар Read More »

Во пет скопски општини има повеќе од 6.500 заболени од Ковид-19


Со денешните 544 позитивни на Ковид-19 во Скопје, распоредот по општини остана речиси ист, па се уште на врвот е Гази Баба со 1.462, а следува Аеродром во 1.433. Уште три општини, Карпош, Центар и Кисела Вода, имаат повеќе од 1.000 заболени. Заедно, овие пет општини, имаат повеќе од 6.500 активно заболени од корона вирус, …

Во пет скопски општини има повеќе од 6.500 заболени од Ковид-19 Read More »

Забелеа Маврово и Пелистер од првиот снег


  По најавата од Хидрометерелошкиот завод на Македонија, дека денеска ќе имаме студено време, на повеќе повисоки места падна и првиот снег. На социјалните мрежи се споделуваат видеа од првиот снег кој падна во Македонија, на Маврово, во Реканскиот крај, Нижеполе и на Пелистер.

Бунт во Париз: Илјадници граѓани на улица против законот за снимање полицајци


Неколку илјади луѓе протестираа во Париз, главниот град на Франција, против донесувањето на законот со кој ќе се овозможи снимањете на припадниците на полицијата, со намера да им се наштети, да биде кривично дело. Приврзаниците на законот, кои протестираа денеска, пак велат дека полицајците и нивните семејства треба да се заштитат од вознемирување, како на …

Бунт во Париз: Илјадници граѓани на улица против законот за снимање полицајци Read More »

Нови 1.182 случаи со Ковид-19, оздравени 707 пациенти, починаа 25 лица


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 1.182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-544, Куманово-48, Штип-31, Прилеп-50, Тетово-75, Струга-27, Велес-41, Битола-28, Охрид-38, Кавадарци-30, Гостивар-66, Гевгелија-17, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-7, Кочани-13, Пробиштип-9, Демир Хисар-3, Македонски Брод-6, Берово-4, Валандово-12, Виница-8, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-55, Ресен-4, Неготино-18. Денеска …

Нови 1.182 случаи со Ковид-19, оздравени 707 пациенти, починаа 25 лица Read More »

За 24 часа во Грција починаа 108 лица од Ковид-19


Во изминатите 24 часа, во Грција починаа 108 лица од Ковид-19, што е нов негативен рекорд на смртни случаи на дневно ниво во земјата. Приклучени на апарати се 522 пациенти, односно тројца повеќе од вчера. Во однос на новозаразените, во споредба со вчера и завчера, бројот е намален, регистриран се 2.311 нови случаи, од кои …

За 24 часа во Грција починаа 108 лица од Ковид-19 Read More »

Богдановиќ ги правда парите од казната за „Лимак“


По обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека Општина Центар, месечно добива 80.000 евра од „Лимак“ заради пробиени рокови за изградба на подземна сообраќајница, а никој не знае кае се тие пари, градоначалникот Саша Богдановиќ појаснува дека конечно успеал да ги земат тие пари, но дека се уште не смеат да г трошат. „Ѝ благодарам на …

Богдановиќ ги правда парите од казната за „Лимак“ Read More »

Пожар во индустрискиот дел кај спортскиот центар во Тетово


Тетовските пожарникари интервенираат попладнево на пожарот што се случи на улицата „Љубо Божиновски-Пиш“ во индустрискиот дел во близина на спортско-рекреативниот центар. Пожарот кој зафатил неколку монтажни објекти-бараки, во тетовската полиција е пријавен во 15 часот и 30 минути. -На местото на пожарот испратени се служби на СВР Тетово. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и …

Пожар во индустрискиот дел кај спортскиот центар во Тетово Read More »