Во Хрватска нови 3.308 заразени, починаа 49 пациенти


 

Во последните 24 часа забележани се 3.308 нови случаи со зараза од корона вирус, а бројот на активни случаи денеска изнесува 19.985.

Меѓу нив 2.031 пациент се на болничко лекување. Од нив на респиратор се 223 пациенти.

Починаа 49 пациенти, со што бројката на жртви од Ковид-19 се искачи на 1.353.

Досега се забележани 103.718 заразени, а оздравеле 82.380.

До денеска тестирани се вкупно 676.965, од кои 9.216 во последните 24 часа.

Од полноќ на сила се построги мерки.