Пожар во индустрискиот дел кај спортскиот центар во Тетово


Тетовските пожарникари интервенираат попладнево на пожарот што се случи на улицата „Љубо Божиновски-Пиш“ во индустрискиот дел во близина на спортско-рекреативниот центар. Пожарот кој зафатил неколку монтажни објекти-бараки, во тетовската полиција е пријавен во 15 часот и 30 минути.

-На местото на пожарот испратени се служби на СВР Тетово. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и причинетата материјална штета, информира Марјан Јосифоски порпарол на СВР Тетово.

Нема информации за повредени лица.