Малолетници со автомобил излетале од пат, повреден едниот


Ноќеска,  во 3.04 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци–Неготино, на влезот кај село Марена, патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Кавадарци, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.