Повторно голем број починати и новозаразени во Грција


Во Грција повторно е зголемен бројот на нови и смртни случаи, од Ковид-19, регистрирани се 2.199 новозаразени, а починаа 111 лица. Од новите случаи, половина се во Солун (538), во Атика (413) и во Лариса (112). На Одделите за интензивна нега, приклучени на апарати се лекуваат 596 пациенти.

Владата го раскина договорот за државна помош со ТЕ-ТО


Владата денеска на седница донесе одлука за едностран прекин на договорот за државна помош со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје.   – Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од раскинување на Договорот за доделување на државна помош, и на Анексот на Договорот за …

Владата го раскина договорот за државна помош со ТЕ-ТО Read More »

Мајка во Шведска 30 години го држела синот во заробеништво


 Полицијата во Стокхолм соопшти дека го истражува случајот на мајка која 28 години го чувала синот заклучен во станот. Обвинителката Ема Олсон изјави дека е покрената истрага против жена на околу 70 години, кој се сомничи дека незаконски му ја одзела слободата и му нанела тешки телесни повреди. Синот бил неодамна откриен од роднина, кој …

Мајка во Шведска 30 години го држела синот во заробеништво Read More »

Oпштата вакцинација против Ковид-19 во Франција е планирана помеѓу април и јуни


Oпштата јавна кампања за вакцинација против Ковид-19 во Франција е планирана во периодот од април до јуни, најави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, јави дописникот на МИА. Макрон истакна дека вакцините на почетокот од 2021 година првенствено ќе бидат резервирани за најранливите групи, додека во периодот од април до јуни со вакцинацијата ќе бидат опфатени …

Oпштата вакцинација против Ковид-19 во Франција е планирана помеѓу април и јуни Read More »

Непознат сторител ограбил починат пациент во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“


Непознат сторител одзел паричник од хоспитализиран 72-годишен пациент, кој починал во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Случајот во полиција го пријавил вчера неговиот син, информираат од МВР. Во ковид-центарот во рамки на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, вчера во полција бил пријавен и друг случај, каде пациент со остар предмет се заканувал на вработена. Од …

Непознат сторител ограбил починат пациент во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Read More »

Во БиХ заразени уште 1.185 лица, а починале 46


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се направени 3.530 тестови, а коронавирусот е потврден кај 1.185 лица. Починати се 46 пациенти кои исто така биле позитивни на ковид-19. Во заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ се пријавени 2.476 тестови од кои 780 се позитивни на ковид 19, а се забележани и 25 …

Во БиХ заразени уште 1.185 лица, а починале 46 Read More »

Русинот Радик Тагиров, осомничен за убиство на 26 жени, ги призна злосторствата


Радик Тагиров, 38-годишниот жител на рускиот град Казан, кој денеска беше осомничен за убиството на 26 постари жени во 12 региони од земјата, ги призна своите злосторства, а снимката со неговото признание ја објави руското Министерство за внатрешни работи на Русија. Во ужасната исповед пред полициските истражители, убиецот кажува дека жртвите ги избирал меѓу постарите …

Русинот Радик Тагиров, осомничен за убиство на 26 жени, ги призна злосторствата Read More »

Влада: Протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија


Владата на Република Северна Македонија на денешната 25-та седница го донесе Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот.   Овој протокол, како што соопшти владината прес-служба, го уредува медиумското присуство на јавни настани, односно обврските кои организаторот треба да ги преземе за да обезбеди безбедна и непречена работа …

Влада: Протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија Read More »

Царовска: Се враќаат ОТП, домаќинство и други предмети во основното образование


Се прави нов концепт за основното образование во кој сите елементи што се потребни како знаење ќе бидат воведени со тоа што се намалува бројот на предмети, а нема да има додавање на предмети, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во Штип. – Практично вештини како готвење, ОТП кое што беше укинато, …

Царовска: Се враќаат ОТП, домаќинство и други предмети во основното образование Read More »

Повторно соборен црниот рекорд во Србија – најмногу заразени и тестирани денеска


Во последните 24 часа забележани се рекордни 7.999 случаи со корона вирус од тестирани 22.837 во соседна Србија. Истовремено починаа уште 48 пациенти. Ова е највисок број тестирани и заболени во еден ден од корона вирус во Србија. На респиратор се 269 пациенти.

Во Косово вчера регистрирани 10 починати и 521 заболен од Ковид-19


 Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.026 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 10 од пациентите заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 521 новозаболен, со што бројката на лица кај кои …

Во Косово вчера регистрирани 10 починати и 521 заболен од Ковид-19 Read More »

Во ковид-центрите се лекуваат вкупно 1.335 пациенти, има слободни кревети


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. Во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во …

Во ковид-центрите се лекуваат вкупно 1.335 пациенти, има слободни кревети Read More »

Пет милиони евра на располагање на С Македонија и на Албанија на 3. повик за прекугранични проекти


Околу пет милиони евра се обезбедени за 3. Повик за предлог-проекти за прекугранична соработка (ЦБЦ) помеѓу Северна Македонија и Албанија.во рамки на ИПА-2. Ова беше истакнато на денешната онлајн прес конференција на амбасадорите на Европската унија во Скопје и во Тирана Дејвид Гир и Луиџи Сорека кои официјално го започнаа 3, Повик за предлог – …

Пет милиони евра на располагање на С Македонија и на Албанија на 3. повик за прекугранични проекти Read More »

Дебата: Сè уште ограничено остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер


Остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер сè уште е ограничено. Се уште за ова право се знае малку меѓу граѓаните, се уште повеќе го користат граѓанските организации, а во последните години и медиумите и тука завршува примената. Остварувањето на ова право е обврска на институциите и со ова право се …

Дебата: Сè уште ограничено остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер Read More »

Нов сообраќаен режим околу ТЦ „Буњаковец“ за поголема безбедност


Нов сообраќаен режим околу ТЦ Буњаковец и подигнати пешачки платоа во близина на основите училишта и градинките во Општина Центар Од денеска Општина Центар започнува со имплементирање на новите сообраќајни решенија на повеќе локации во општината. Во тек е изведбата на три издигнати пешачки платоа за смирување на сообраќајот кој се одвива во зона на …

Нов сообраќаен режим околу ТЦ „Буњаковец“ за поголема безбедност Read More »

Се формира работна група за измени на Изборниот законик


Во Министерството за правда во тек е формирање работна група која ќе треба да работи на измени на Изборниот законик со цел да се овозможи организирање избори во кои ќе имаат доверба сите граѓани. Ќе треба да се вградат сите препораки од ОБСЕ-ОДИХР од поледните избори но може и да се размислува за промена на …

Се формира работна група за измени на Изборниот законик Read More »

Словенија на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи од Ковид-19


Според статистиката на школата Оксфорд Мартин, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од коронавирус, со просечен број од 23,23 пациенти на милион жители. Статистичките податоци покажуваат дека во моментов најтешка е состојбата во Југоисточна Европа, каде Бугарија е на врвот на листата со 19,86, Северна Македонија со 14,88 …

Словенија на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи од Ковид-19 Read More »

Бизнисменот Фијат Цановски сведочеше на рочиштето за „ТНТ”


 Бизнисменот Фијат Цановски, како оштетен во случајот „ТНТ”, денеска во Кривичниот суд даде исказ како сведок предложен од страната на одбраната. Обвинетиот Тони Трајковски, како поранешен градоначалник на Општина Гази Баба, во неколку наврати побара од сведокот да даде одговори во однос на изградбата на комплекасот ,,КОСМОС”, на што сведокот одговори дека се што потпишал …

Бизнисменот Фијат Цановски сведочеше на рочиштето за „ТНТ” Read More »

Спасовски – Ди Џовани: Остануваме отворени за соработка во полза на заедничката цел – заштитата на најмалите


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска денеска имаа средба со претставникот на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција Ди Џовани. На средбата, како што соопшти МВР, се разгледуваа досегашната и идната соработка меѓу Министерството и Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава. Министерот Спасовски истакна дека покрај размената на информации и гледишта …

Спасовски – Ди Џовани: Остануваме отворени за соработка во полза на заедничката цел – заштитата на најмалите Read More »

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 75 пациенти, новозаразени се 2.900


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 2.900 нови случаи на заразени од корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 21.250. Меѓу нив 2.351 pжпациент е на болничко лекување, од кои 245 се на респиратор. Починаа 75 пациенти, Од февруари досега од корона вирус заразени се 131.342 лица, а 1.861 починале, додека …

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 75 пациенти, новозаразени се 2.900 Read More »