Мајка во Шведска 30 години го држела синот во заробеништво


Додека многу јавни простори низ Европа се празнат, жителите излегуваат од дома само да купат неопходни продукти или лекови, животот во Шведска тече како и вообичаено

 Полицијата во Стокхолм соопшти дека го истражува случајот на мајка која 28 години го чувала синот заклучен во станот.

Обвинителката Ема Олсон изјави дека е покрената истрага против жена на околу 70 години, кој се сомничи дека незаконски му ја одзела слободата и му нанела тешки телесни повреди. Синот бил неодамна откриен од роднина, кој ја известил шведската полиција.

Жената негирала дека направила нешто лошо, а 41-годишниот син е хоспитализиран поради повредите.

Роднината која го открила случајот истакна дека мажот бил валкан, без заби, со рани на нозете, а говорот му бил нејасен.

Според шведските медиуми синот бил затворен во станот кога имал 13 години односно пред 28 години.