Во БиХ заразени уште 1.185 лица, а починале 46


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се направени 3.530 тестови, а коронавирусот е потврден кај 1.185 лица. Починати се 46 пациенти кои исто така биле позитивни на ковид-19.

Во заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ се пријавени 2.476 тестови од кои 780 се позитивни на ковид 19, а се забележани и 25 нови смртни случаи или вкупно 1.577.

До денеска во Федерацијата оздравеа 37.867, а активни се 17.464. 

Во Република Српска потврденис е нови 335 заразени од 894 тестирани.

Пријавени се 20 смртни случаи или вкупно досега 1.068. Оздравеа 15.017 пациетни.

Во Брко регистрирани се 70 нови случаи, а почина едно лице.