Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 75 пациенти, новозаразени се 2.900

 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 2.900 нови случаи на заразени од корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 21.250.

Меѓу нив 2.351 pжпациент е на болничко лекување, од кои 245 се на респиратор. Починаа 75 пациенти,

Од февруари досега од корона вирус заразени се 131.342 лица, а 1.861 починале, додека оздравеле 108.231 лица. До денеска тестирани се 759.014 луѓе.