До 2050 во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби


Според податоци на Обединетите Нации 30 проценти од рибите веќе се отруени со пластика, а до 2050 година во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби. Според проценки на американскиот Завод за заштита на животната средина, светската потрошувачка на пластични кеси го достигнала годишното ниво до 1.000 милијарди парчиња. Од тоа, поради високите трошоци се …

До 2050 во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби Read More »

(Галерија) Се преправаат во мажи за да остварат женски права


Иранските жени речиси 40 години живееја со забрана за влез на стадиони и присуство на фудбалските мечеви. Но, животната приказна на Зејнаб предизвикува восхит за преземените чекори, па и ризици, ако сакате, по сопственото здравје и живот за уживање на магијата на најважната споредна работа во светот. Во јавноста ја изнесува фотографот Фороу Алаеи кој …

(Галерија) Се преправаат во мажи за да остварат женски права Read More »

Дац му подари метла на Заев: Има и лопатче, ќе собере доста ѓубре


Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ му подари метла на премиерот Зоран Заев, за, како што рече, чистката која треба да ја направи. -Затоа што јас сум првиот кој си поднесе оставка од морални причини, имам и морална одговорност да ја предадам оваа метла за чистката што треба да се направи. Ова …

Дац му подари метла на Заев: Има и лопатче, ќе собере доста ѓубре Read More »

Уапсени пет милијардери осомничени за корупција


  Пет алжирски милијардери се уапсени во согласност со антикорупциската истрага во таа земја, објави денеска алжирската државна телевизија.   Некои од нив се блиски со поранешниот претседател Абделазиз Бутефлика кој поднесе оставка на таа функција по масовните протести. Меѓу уапсените е и Ишад Ребраб, кој се смета за најбогат бизнисмен во енергетската богата северноафриканска …

Уапсени пет милијардери осомничени за корупција Read More »

Јункер: Ќе се бориме против „лажните вести“ во кампањата за евроизборите


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер вети дека Брисел ќе ги отстрани сите „лажни вести“ во текот на предизборната кампања за изборите за Европскиот парламент следниот месец. – Ако владите тврдат некои работи за ЕУ или Комисијата што не одговараат на вистината, тогаш ќе одговориме. Јас ќе го сторам тоа пред изборите, изјави Јункер во интервју …

Јункер: Ќе се бориме против „лажните вести“ во кампањата за евроизборите Read More »

ОБСЕ/ОДИХР/ПССЕ: Добро организирани избори, со мирен, уреден и транспарентен изборен ден


Вчерашните претседателски избори беа добро организирани, а гласачите слободно можеа да направат информиран избор меѓу кандидатите. Изборите беа спроведени добро. Фундаменталните слободи на собир и изразување беа почитувани, а денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен. Ова се заклучоците од меѓународните набљудувачи од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Парламентарното собрание на ОБСЕ и на Парламентарното собрание …

ОБСЕ/ОДИХР/ПССЕ: Добро организирани избори, со мирен, уреден и транспарентен изборен ден Read More »

Македонија има 668 ендемични видови растенија и животни


Македонија е мала по територија, но може да се пофали со богат биодиверзитет, во кој огромна улога играат шумите, езерата и реките, беше речено на еко-часот на тема „Вредноста на дивите видови“ што по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја – 22 Април во организација на Град Скопје, го одржа претставник на Министерството за …

Македонија има 668 ендемични видови растенија и животни Read More »

Зголемени квоти за сите 772 аптеки и за април


Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за сите 772 аптеки за дополнителни 12.000 денари, поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и и по направена сондажа за искористеност на квоти за април на приватните здравствени установи аптеки што изнесува од …

Зголемени квоти за сите 772 аптеки и за април Read More »

Владата на Србија праќа милион евра за Нотр Дам


Владата на Србија денеска упати финансиска помош на Франција во износ од милион евра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз. Познатата катедрала е тешко оштетена во катастрофалниот пожар што се случи ноќта на 15 април. Со оваа одлука Владата на Србија го потврдува вековното пријателство со францускиот народ и изразува желба симболот на …

Владата на Србија праќа милион евра за Нотр Дам Read More »

Шри Ланка: Откриени 87 детонатори за бомби, воведена вонредна состојба


Властите на Шри Ланка воведоа вонредна состојба, која ќе стапи во сила денеска на полноќ. Одлуката е донесена по серијата напади во кои загинаа најмалку 290 луѓе, соопшти администрацијата на Маитрипала Сирисена. Воведени се посебни мерки „за да им се овозможи на полицијата и на трите активни сили во земјата да ја осигураат јавна безбедност”, …

Шри Ланка: Откриени 87 детонатори за бомби, воведена вонредна состојба Read More »

ТНТ: Сведочење на професорот Арсовски од Архитектонскиот факултет


Со сведочење на професорот на Архитектонскиот факултет во Скопје Владимир Арсовски, а со мало задоцнување, почна рочиштето за предметот „ТНТ“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Професорот Арсовски одговара на прашања на обвинетиот Тони Трајковски во врска со неговиот потпис на стручното мислење на професорот Мирослав Грчев. Во повеќе наврати судијата …

ТНТ: Сведочење на професорот Арсовски од Архитектонскиот факултет Read More »

ОЈО: Испукани повеќе куршуми од близина во таткото и детето кај Слупчане


Истрелани биле повеќе куршуми од близина во возилото каде вчера беа пронајдени телата на таткото и детето во атарот на селото Слупчане, ќе се врши обдукција, ќе се вештачат подигнатите траги од местото и возилото, соопшти денеска обвинителството кое извршило увид. -Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на село Слупчане каде синоќа беше …

ОЈО: Испукани повеќе куршуми од близина во таткото и детето кај Слупчане Read More »

Теренска вакцинација против морбили во 11 училишта во Скопје, ќе бидат вакцинирани 480 ученици


Почнува вакцинацијата против морбили на терен согласно наредбата од Министерството за здравство за теренска вакцинација на сите невакцинирани деца од школска возраст. Во 11 училишта на територија на град Скопје во четири општини денеска ќе се изврши вакцинација на повеќе од 480 деца, изјави денеска во ООУ „Јан Амос Коменски“, директорот на Здравствен дом Скопје, …

Теренска вакцинација против морбили во 11 училишта во Скопје, ќе бидат вакцинирани 480 ученици Read More »

Сејдини: Една прифатена и три одбиени тужби поврзани со изборите


Управниот суд досега постапувал по четири случаи поврзани со претседателските и предвремени избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, од кои три се одбиени и една е уважена, изјави денеска претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини. – Во петокот уважена е тужбата на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој …

Сејдини: Една прифатена и три одбиени тужби поврзани со изборите Read More »

Три деца на дански милијардер загинаа во Шри Ланка


Данскиот милијардер Андерс Холф Повлсен (46) објави дека три од неговите четири деца загинале во терористичките напади на Шри Ланка. Данскиот милијардер е сопственик на меѓународниот синџир за трговија со облека Бестселер, кој ги опфаќа модните марки „Веро Мода“ и „Џек енд Џонс“, најголем акционер во британската онлајн компанија АСОС и втор најголем акционер во …

Три деца на дански милијардер загинаа во Шри Ланка Read More »

Истрагата покажа: Координираните напади во Шри Ланка ги извршиле седум бомбаши-самоубијци


Координираните напади во цркви и училишта во Шри Ланка ги извршија седум бомбаши – самоубијци, изјави денеска државниот истражител Аријананда Велијанга. – Анализата на телесните остатоци јасно покажа дека се работи за бомбаши – самоубијци – рече Велијанга, форензички кривичен истражител. Додаде дека повеќето напади се извршени од по еден бомбаш и дека во хотелот …

Истрагата покажа: Координираните напади во Шри Ланка ги извршиле седум бомбаши-самоубијци Read More »

Охриѓани новиот градоначалник ќе го бираат на 5 мај во вториот круг од изборите


Официјалните податоци што ги објави Државната изборна комисија во врска со одржаните предвремени избори за градоначалник покажуваат дека охриѓани идниот градоначалник ќе го добијат во вториот круг од изборите закажан за 5 мај. Според податоците на ДИК, ниту еден од петтемина кандидати не ги има добиено потребните 50 отсто плус еден глас од излезените гласачи …

Охриѓани новиот градоначалник ќе го бираат на 5 мај во вториот круг од изборите Read More »

Шарапова не е бремена, поради повреда нема да игра во Мадрид


Руската тенисерка Марија Шарапова, одговарајќи на прашања од фановите на Инстаграм, ги отфрлии шпекулациите дека е бремена. – Дали сум бремена? Не, – напиша Шарапова. Неодамна, поранешниот прв рекет на светот се повлече од турнирот во Штутгарт. Таа ќе го пропушти и турнирот во Мадрид од 4 до 11 мај, по што се појавија шпекулации …

Шарапова не е бремена, поради повреда нема да игра во Мадрид Read More »

Странските медиуми за првиот круг од претседателските избори


„Кандидатите на владејачката СДСМ и на националистичката ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат на вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија на 5 мај, откако двајцата кандидати не успеа да соберат доволно гласови за да прогласат победа во првиот круг“, објави германската новинска агенција ДПА. ДПА наведува дека и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски и на …

Странските медиуми за првиот круг од претседателските избори Read More »

ИРА ја презеде одговорноста за смртта на ирската новинарка


Нова ИРА ја призна одговорноста за убиството на новинарката Лајра МекКи, во писмо упатено до локалните медиуми. „За време на нападот на непријателите, Лајра МекКи трагично е убиена додека стоеше покрај непријателските сили“, наведува милитантната група во изјава за весникот „Ајриш њуз“. Групата „искрено се извинува на партнерот, семејството и пријателите на Лајра МекКи поради …

ИРА ја презеде одговорноста за смртта на ирската новинарка Read More »