Радев: Указ за привремена влада најрано во вторник


де указ за распуштање на 45-то Национално собрание и да ги закаже предвремените парламентарни избори на 11 јули. Со тоа официјално ќе започне и работата на новата Централна изборна комисија. Радев и потпретседателката Илијана Јотова денеска положија цвеќе на Споменикот на непознатиот војник по повод 76-годишнината од крајот на Втората светска војна. Според него, „Денот …

Радев: Указ за привремена влада најрано во вторник Read More »

Во болниците низ државата вкупно хоспитализирани 760 ковид-пациенти, во главниот град 324


 Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 760 и има околу 915 празни болнички кревети во ковид центрите. Во болниците низ државата се лекуваат 436 ковид-пациенти, а во главниот град 324. Според извештаите на болниците кои пристигнуваат …

Во болниците низ државата вкупно хоспитализирани 760 ковид-пациенти, во главниот град 324 Read More »

Филипче: До крајот на летото очекуваме колективен имунитет


Министерот за здравство Венко Филипче очекува дека со сите вакцини што треба да пристигнат во земјава, до крајот на летото ќе се постигне колективен имунитет. Во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина. -Сега, со пристигнувањето на оваа значајно голема …

Филипче: До крајот на летото очекуваме колективен имунитет Read More »

Груби: Ние направивме сè, редот е на ЕУ


Нашите граѓани немаат што повеќе да направат, што повеќе да придонесат, што повеќе да жртвуваат за европскиот сон, поради тоа што ги направивме сите потребни и непотребни компромиси, вклучително и најапсурдните, за да заслужиме членство во европското семејство. Затоа сега е ред на Европската Унија, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи …

Груби: Ние направивме сè, редот е на ЕУ Read More »

Вакцинирани вкупно 107.978 граѓани, 279.909 лица чекаат за вакцинација


Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а на веб-платформата „vakcinacija.mk“ се пријавиле 279.909 лица. -Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата „vakcinacija.mk“ е 279.909 граѓани, соопштуваат од …

Вакцинирани вкупно 107.978 граѓани, 279.909 лица чекаат за вакцинација Read More »

Премиерот Заев по повод 9 Мај – Ден на Европа: Нашиот природен дом е Европската Унија меѓу просперитетните европски нации


Премиерот Зоран Заев, во своето обраќање по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, истакна дека денеска одбележуваме еден голем датум за два крупни настани во историјата на Европа и на нашата земја. -Датум, впишан со златни букви во историјата на напредна Европа, како датум за паметење на милионите …

Премиерот Заев по повод 9 Мај – Ден на Европа: Нашиот природен дом е Европската Унија меѓу просперитетните европски нации Read More »

Маричиќ: Идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана


Светот денеска го одбележува Денот на победата врз фашизмот, а нашиот континент и Денот на Европа – 9 мај ги спојува овие два значајни настани кои имаат големо значење и за Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил министерот за правда Бојан Маричиќ. – За време на Втората светска војна, Македонците без двоумење застанаа на …

Маричиќ: Идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана Read More »

Димитров: Европа да си го одржи зборот, крајно време е да ги почнеме заслужените преговори


 Нашата битка денес е всушност битка и на Европа самата со себе, да си го одржи зборот. Крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство и така ќе бидеме заеднички победници. Да ни е честит Денот на Европа. Ова е пораката што денеска ја испрати заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола …

Димитров: Европа да си го одржи зборот, крајно време е да ги почнеме заслужените преговори Read More »

Стипендии за првачиња со попреченост од Карпош


Сите родители на ученици со попреченост во општина Карпош, чии деца ќе бидат запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година ќе можат да аплицираат за месечна стипендија од 50 ЕУР во денарска противвредност. Основната цел е да се пружи поддршка на семејствата со деца со попреченост во надминување на трошоците поврзани со нивното школување. …

Стипендии за првачиња со попреченост од Карпош Read More »

Лукашенко потпиша указ за трансфер на претседателските овластувања во случај на негова смрт


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша указ со кој се дозволува пренесување на претседателските овластувања на Советот за национална безбедност, во случај да биде убиен или од кои било други причини онеспособен да ја извршува  претседателската должност. „Документот предвидува дека во случај на смрт на шефот на државата при атентат, терористички акт, надворешна агресија или …

Лукашенко потпиша указ за трансфер на претседателските овластувања во случај на негова смрт Read More »

ЕУ би ги разводнувала вината со вода за да го намали уделот на алкохол – Италијанците се побунија


Италијанската винска индустрика остро се спротивставува на плановите на Европската Унија за можно разредување на вината со вода за во нив да се смали уделот на алкохол. Според италијанските медиуми, во Европа се разгледува осмислување на производството на вино без алкохол или вино со помал процент на алкохол, а крајната цел на таквиот предлог е …

ЕУ би ги разводнувала вината со вода за да го намали уделот на алкохол – Италијанците се побунија Read More »

Седуммина загинати во две лавини на француските Алпи


Седум лица загинаа денеска во две лавини на француските Алпи, соопштија властите, кои вчера предупредија за нестабилност на снежните покривки поради затоплување. Првата смртоносна лавина започна доцна наутро во општина Валоар, на превојот Галибие, на надморска височина од 2.642 метри. Четири лица на возраст од 42 до 76 години од областа Гренобл ги загубија животите. Две …

Седуммина загинати во две лавини на француските Алпи Read More »

Историски успех за македонското таеквондо, Георгиевски обезбеди настап на ОИ во Токио


Таеквондистот Дејан Георгиевски е првиот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако денеска триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија. Георгиевски ја обезбеди олимписката норма, прва во историјата за македонското таекводно, на денот кога го прославува својот 22. роденден со максимален ефект, совладувајќи го, притоа, во …

Историски успех за македонското таеквондо, Георгиевски обезбеди настап на ОИ во Токио Read More »

Протести на разединети полициски синдикати со исти барања


Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест на кој му се приклучија и други синдикални организации од (КСОМ). На протестот, кој го нарекоа „предгенерална проба“ како најава за влегување во еден вид работнички национален штрајк, од НСП побараа подобрување на условите за работа, повисоки плати, нови униформи и потпишување нов Колективен договор и нова систематизација. Оттаму се спротивставија на, како што неофицијално дознале, …

Протести на разединети полициски синдикати со исти барања Read More »

Учител повлекол за коса 9-годишен ученик, му го одделил скалпот и предизвикал крварење во главата


  Учител во централна Кина наводно повлекол за коса деветгодишен ученик толку силно, што делумно му го одвоил скалпот и предизвикал внатрешно крварење во главата. Лекарите велат дека скалпот на момчето и главата биле речиси целосно одвоени, а од него е извлечен речиси литар крв со помош на игли во тек на сеудм операции, пренесе …

Учител повлекол за коса 9-годишен ученик, му го одделил скалпот и предизвикал крварење во главата Read More »

За четири месеци во Албанија бонус добиле околу 13 илјади бебиња


Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во првите четири месеци од годинава околу 12.766 новороденчиња добиле бонус за бебе, јави дописничката на МИА од Тирана.   Со владината програмата родителите на првородено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади леки (325 евра), за второродено 80 илјади, а за третородено дете по 120 илјади леки. …

За четири месеци во Албанија бонус добиле околу 13 илјади бебиња Read More »

НАСА објави звучна снимка од летот на мини хеликоптерот на Марс


  НАСА објави прва аудио снимка од четвртиот пробен лет на мини хеликоптерот „Ingenuity“ на Марс изведен ан 20 април, соопшти американската веселенска агенција. Звукот на елисата на хеликоптерот која се врти со повеќе од 2.500 вртежи во минута едвај може да се слушне, затоа што хеликоптерот е тежок само 1,8 килограми, а бил оддалечен …

НАСА објави звучна снимка од летот на мини хеликоптерот на Марс Read More »

Тепачки низ цела Македонија


  Повеќе тепачки се пријавени во полиција во изминатото деноноќие, а една жена нападнала и полицајци. Во СВР Велес вчера во 14.30 часот Д.Д.(43) од Велес пријавил дека во близина на автобуската станица во Прилеп бил физички нападнат од две лица. Во 21.30 часот било пријавено дека во с.Љубанци, скопско, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил …

Тепачки низ цела Македонија Read More »

Во Вардар кај Велес најден човечки труп


Во соопштението од МВР стои дека вчера во 11.50 часот било пријавено дека во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен од реката. Извршен бил увид на местото од страна на увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено …

Во Вардар кај Велес најден човечки труп Read More »

Во Хрватска уште 1.342 новозаразени, починаа 36 лица


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 1.342 случаи со зараза од корона вирус, а бројот на активни случаи денеска е 10.705. Меѓу нив 2.016 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 235. Починаа 36 лица, а досега вкупно 7.424. Одффевруари лани, досега забележани се 343.829 заразени, а оздравеа 325.700. До вчера потрошени …

Во Хрватска уште 1.342 новозаразени, починаа 36 лица Read More »