Учител повлекол за коса 9-годишен ученик, му го одделил скалпот и предизвикал крварење во главата


 

Учител во централна Кина наводно повлекол за коса деветгодишен ученик толку силно, што делумно му го одвоил скалпот и предизвикал внатрешно крварење во главата.

Лекарите велат дека скалпот на момчето и главата биле речиси целосно одвоени, а од него е извлечен речиси литар крв со помош на игли во тек на сеудм операции, пренесе Индепендент.

Учителот Чанг за сега е уапсен во полицијата во Пингингшанг во провинцијата Хенан.

Инцидентот се случил на 5 март во основно училипте, кога учителот забележан дека момчето разговара на час со две дрѕгаршиња. Ги извлекол од клупите и ги влечел за коса.

Два дена подоцна, на момчето му отекла главата, па мајката го одвела на леакр, каде откриле дека има внатрешно крварење.

Детето било во болница три недели, но и понатаму има болки особено при стрижење.

„Инцидетот остави трага на него. Се плаши од Ченг и не сака да оди во училиште“, вели мајкта.

Таа вели дека Ченг ги платил болничките трошоци и дека тој жали и се кае.

„Учителот се надева дека ќе м простам, но не можам“, додава мајката.

Таа ја обвинува управата на училиштето дека не го сфатиле сериозно случајот на почетокот и дека ќе ги тужи и нив и учителот.