Радев: Указ за привремена влада најрано во вторник


де указ за распуштање на 45-то Национално собрание и да ги закаже предвремените парламентарни избори на 11 јули. Со тоа официјално ќе започне и работата на новата Централна изборна комисија.

Радев и потпретседателката Илијана Јотова денеска положија цвеќе на Споменикот на непознатиот војник по повод 76-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Според него, „Денот на Европа и Денот на победата не треба да се спротивставуваат“.

– Непотребно е да ги споредуваме и да спориме што е позначајно. Но, во никој случај не смееме да ги заборавиме злосторствата на нацизмот и секогаш треба да се сеќаваме на жртвите на оние кои достојно се исправија во одбрана на човештвото, рече Радев.

Радев и Јотова присуствуваа на церемонијата на подигнување на знамето на Европската унија пред претседателската институција во Софија.