Во болниците низ државата вкупно хоспитализирани 760 ковид-пациенти, во главниот град 324
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 760 и има околу 915 празни болнички кревети во ковид центрите. Во болниците низ државата се лекуваат 436 ковид-пациенти, а во главниот град 324.
Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 51 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес се лекуваат 50 болни, а во Куманово 53 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 39, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 40 пациенти, во Кочани 19 во Кичево 9, Кавадарци 25, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
-Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, велат од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 324 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало два приеми.
Во Ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 4 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.
Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 99 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 115 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 96 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 8 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 5 болни.
Вкупно 324 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
-Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 350 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, велат од министерството.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.