Во БиХ рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата – 2.577


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани биле 6.193 примероци на корона вирус, од што 2.577 се позитивни, што е рекорден број од почетокот на пандемијата. Од последиците на заразата во последните 24 часа починале 22 лица. За споредба, претходниот ден во БиХ забележани беа 2.269 нови случаи од 6.078 обработени тестови, …

Во БиХ рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата – 2.577 Read More »

Во Израел 4.900 здравствени работници се во карантин; има недостиг на персонал


Речиси 4.900 здравствени работници во Израел се во карантин, покажуваат денешните податоци. Во претходните 24 часа во земјата се регистрирани 43.815 нови случаи на коронавирус, јави „Џерусалим пост“. Во изолација се 690 лекари и 1282 медицински сестри. За споредба, до вчера во карантин беа околу 3.800 здравствени работници. Меѓу нив имаше 542 лекари и 1.000 …

Во Израел 4.900 здравствени работници се во карантин; има недостиг на персонал Read More »

(Видео) Бугарите протестираат против сертификатите – сакаат да влезат во Собранието


Масовни протести во Бугарија по новите рестриктивни ковид мерки со кои се забранува влез во јавните институции без вакцина како и против воведувањето на зелен сертификат. Состојбата ескалира, а демонстрантите се обидуваат да влезат во Собранието, додека пак полицијата се обидува да ги спречи. Демонстрантите се обратија и до полицијата и ги замолија да застанат …

(Видео) Бугарите протестираат против сертификатите – сакаат да влезат во Собранието Read More »

Одземена лиценцата на „Беса Травел“


 Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил. – По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај …

Одземена лиценцата на „Беса Травел“ Read More »

Хрватска со близу 10.000 новозаразени од Ковид-19


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 9.894 нови случи со зараза од од Ковид-19,а бројот на активни случаи се искачи на 53.051. Од нив 1.822 пациенти на болничко лекување, од кои 220 се на респиратор. Тестирани се 21.301 лице, што значи дека речиси секој втор тестиран е позитивен. Уделот на позитивни е …

Хрватска со близу 10.000 новозаразени од Ковид-19 Read More »

Анѓушев: Четири фактори ја генерираат сегашната берзанска цена на електричната енергија


Има четири фактори што ја генерираат зголемената цена на електричната енергија на берзите. Тоа се цената на природниот гас, зелените сертификати коишто пораснаа драстично, намалените издашности на обновливите извори на енергија и реалната инфлација, оценува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МИА што викендов ќе биде објавено во целост, заедно со …

Анѓушев: Четири фактори ја генерираат сегашната берзанска цена на електричната енергија Read More »

Аерозагадувањето предизвикува повисоки стапки на неплодност во регионов


Долготрајната изложеност на загаден воздух кај населението од земјите на Западен Балкан може да предизвика намалување на плодноста на жените за повеќе од 10 отсто, шансите за зачнување се намалуваат во деновите со високо загадување, а се зголемува можноста за спонтан абортус. Оваа негативна последица од аерозагадувањето ја констатира Европскиот фонд за Балканот, кој со …

Аерозагадувањето предизвикува повисоки стапки на неплодност во регионов Read More »

Општина Струмица поддржува почнување на стартап бизниси за 20 млади лица


Општина Струмица со буџетски средства овозможува поддршка на стартап бизниси за 20 млади невработени лица за зајакнување на нивните капцитети заради почнување сопствени бизниси во 2022 година, соопшти градоначалникот Костадин Костадинов. Според Костадинов, целта на оваа поддршка е да се поттикнат и охрабрат младите невработени лица да се вклучат во процесот за да изградат соодветни …

Општина Струмица поддржува почнување на стартап бизниси за 20 млади лица Read More »

Холанѓаните стравуваат од земјотреси поради зголеменото производство на гас


Компаниите во Холандија се подготвуваат речиси двојно да го зголемат производството на гас во регионот Гронинген поради зголемената побарувачка во Германија и покрај незадоволството на граѓаните од зголемениот ризик од благи земјотреси. На Германија најверојатно ќе и требаат околу 1,1 милијарди кубни метри гас оваа деловна година. Претходно оваа недела, холандското Министерство за економија се обиде да ги смири …

Холанѓаните стравуваат од земјотреси поради зголеменото производство на гас Read More »

Нуклеарка во ОАЕ ќе произведува 85 отсто чиста енергија до 2025 година


Корпорацијата за нуклеарна енергија на Емиратите (ENEC) денеска објави дека до 2025 година ќе произведува 85 отсто од чистата електрична енергија во Абу Даби. Нуклеарната централа Бараках има потенцијал да произведува еден милион тони водород годишно, изјави Мохамед Ибрахимал-Хамади, извршен директор на ENEC. „Ова гориво со ниска содржина на јаглерод е од суштинско значење за …

Нуклеарка во ОАЕ ќе произведува 85 отсто чиста енергија до 2025 година Read More »

Во Словенија новозаразени 7.420 за 24 часа, најмногу досега


  Словенија денеска брои 7.420 нови инфекции со корона вирус од 14.814 ПЦР тестови, што е најголем број новозаразени за 24 часа во оваа земја од почетокот на пандемијата. Со тоа забележани се 2.256 повеќе од претходниот ден, а уделот на позитивни надмина 50 отсто. Како резултат на тоа, бројот на активни случаи во Словенија …

Во Словенија новозаразени 7.420 за 24 часа, најмногу досега Read More »

Кои документи ви се потребни за финансиска помош за струја?


Согласно јавниот повик од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи во период од 12 меесеци. За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари. На страницата на Министерството за економија објавен е јавниот оглас за финансиска поддршка за лицата со ниски примања за плаќање на сметките …

Кои документи ви се потребни за финансиска помош за струја? Read More »

Десетици организации го повикаа Јутјуб да се бори против дезинформации


Повеќе од 80 организации за проверка на факти ја повикаа онлајн видео платформата Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите, нудејќи помош за разоткривање на лажни тврдења. – Секој ден гледаме дека YouTube е еден од главните канали на онлајн дезинформации ширум светот, истакнаа групи од целиот свет – од Политифакт и Вашингтон пост во САД до Африка чек (Africa Check) со седиште …

Десетици организации го повикаа Јутјуб да се бори против дезинформации Read More »

Блидарус: Северна Македонија има најголем и најбрз потенцијал за регионален раст во ИТ секторот


 Северна Македонија има најголем и најбрз потенцијал за раст во регионот. Со двоцифрен годишен раст на ИТ секторот (15 проценти) и голем број таленти во компјутерските науки, Скопје е најразумниот избор за отворање на наш Центар, вели Адриан Блидарус, сопственик на технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака на комплексни решенија и интегрирани платформи водени …

Блидарус: Северна Македонија има најголем и најбрз потенцијал за регионален раст во ИТ секторот Read More »

Бугарија со рекордни 7.062 заболени од корона вирус


  Во Бугарија во последните 24 часа, забележан е рекорден број новозаболени со Ковид-19, односно 7.062 нови случаи, објавено е на официјалната страница за следење на пандемијата. Претодно највисок дневен рекорд беше забележан во октомври, која делатата беше доминантна варијанта на вирусот. Од последниот пресек, починаа уште 89 лица, со што вкупниот број жртви се …

Бугарија со рекордни 7.062 заболени од корона вирус Read More »

Послаб земјотрес почувствуван во Скопје


Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала утрово околу 8 часот се осети во Скопје. Според првичните информации, неговиот епицентар е на 12 километри од Скопје: M2.5 #earthquake (#земјотрес) strikes 12 km SE of #Skopje (North Macedonia) 8 min ago. Read eyewitnesses' stories & share yours: https://t.co/FxMJw4vjSd — EMSC (@LastQuake) January 12, 2022 …

Послаб земјотрес почувствуван во Скопје Read More »

Покетино сè уште е во таен контакт со Манчестер јунајтед


Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, останува заинтересиран да работи во Манчестер јунајтед. Според „Le Parisien“, Аргентинецот се уште е во таен контакт со Јунајтед во случај да може да го напушти Пари Сен-Жермен на лето. Негов главен конкурент е тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг. Да потсетиме, по оставката на Оле Гунар Солскјер од тренерската …

Покетино сè уште е во таен контакт со Манчестер јунајтед Read More »

Осомничениот за пожар во јужноафриканскиот Парламент обвинет и за тероризам


Обвинението против осомничениот за подметнување пожар во кој беа уништени делови од јужноафриканскиот Парламент денеска беше проширено со обвинение за тероризам. Новото обвинение е додадено на рочиштето во Кејптаун, закажано по повод одредување кауција за осомничениот Зандиле Мафе (49). Мафе претходно беше обвинет за кражба, подметнување пожар и поседување експлозивна направа. Делови од 130-годишниот комплекс …

Осомничениот за пожар во јужноафриканскиот Парламент обвинет и за тероризам Read More »

Нова серија земјотреси во реонот на Битола и Лерин


Серија земјотреси вечерва се регистрирани во епицентралното подрачје меѓу Битола и Лерин, од кои најсилниот потрес бил во 18:44 со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на сите потреси биле во реонот на околу 120 километри јужно од Скопје на територијата на Грција …

Нова серија земјотреси во реонот на Битола и Лерин Read More »

Забрана за сообраќај на тешки моторни возила на Плетвар


Вечерва, од 18:40 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки моторни возила на планискиот превој Плетвар, кои немат зимска опрема. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта на некои места се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на планиските превои Стража и Плетвар, а врнежи со помал интезитет има на Маврово, …

Забрана за сообраќај на тешки моторни возила на Плетвар Read More »