Хрватска со близу 10.000 новозаразени од Ковид-19


 

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 9.894 нови случи со зараза од од Ковид-19,а бројот на активни случаи се искачи на 53.051.

Од нив 1.822 пациенти на болничко лекување, од кои 220 се на респиратор.

Тестирани се 21.301 лице, што значи дека речиси секој втор тестиран е позитивен. Уделот на позитивни е 46,5 отсто.

Починаа 27 пациенти.

Од почетокто на пандемијата во Хрватска забележани се 785.033 заразени, од кои 12.983 починаа, а до денеска се тестирани 3.921.868 лица.

Вакцинирани се 56 отсто од целокупното население.