(Видео) Бугарите протестираат против сертификатите – сакаат да влезат во Собранието


Фото: БГНес

Масовни протести во Бугарија по новите рестриктивни ковид мерки со кои се забранува влез во јавните институции без вакцина како и против воведувањето на зелен сертификат.

Состојбата ескалира, а демонстрантите се обидуваат да влезат во Собранието, додека пак полицијата се обидува да ги спречи.

Фото: БГНес
Демонстрантите се обратија и до полицијата и ги замолија да застанат на нивна страна.
 
Според она што може да се забележи од видеото има и повредени, засега не се знае бројт. Повредени полицајци и демонстранти беа по налетот на толпата да влезе во Собранието. Присутните скандираат „Оставка, оставка“.