Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори за Македонија да ја вратиме на победничките патеки
Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници, изјави денеска пред почетокот на 17. Конгрес …