Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на Стража и патот крак Маврово – Дебар


Поради врнежи од снег денеска од 14:15 часот е воведено забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец А2 Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од АМСМ. Од 14:20 воедно е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на патниот правец крак Маврово – Дебар. 

Од 1 март промена на правилата за патување во ЕУ од трети земји


Советот на ЕУ денеска усвои ажурирана препорака за привремени ограничувања за патувања кои не се клучни во ЕУ и ќе важат од 1 март.   Како што се истакнува, ќе се применуваат ограничувања поради Ковид во согласност со состојбата во третата земја и индивидуалниот статус на лицето кое патува.   „Членките на ЕУ треба да …

Од 1 март промена на правилата за патување во ЕУ од трети земји Read More »

Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром


Дарко Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска му беше прекината соработката со клубот од Аеродром. – Главна причина за ваквата одлука на управата на клубот е неосвојувањето на трофејот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, каде што бевме поразени во финалето од ТФТ (66-80). Тој дојде во нашиот табор пред почетокот на …

Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром Read More »

Од 800 тестирани деца во училиштата само осум позитивни на корона вирусот


 Од 800 тестирани деца во училиштата, само осум биле позитивни на корона вирусот, информира денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ. – Скринингот во училиштата сè уште не е целосно завршен. Треба да ја имаме онаа бројка која ја ветивме на почеток, репрезентативен примерок од 1800 или 2000 испитаници. Интересот беше голем. …

Од 800 тестирани деца во училиштата само осум позитивни на корона вирусот Read More »

Предложено укинување на задолжителниот ПЦР тест при излез од земјава


 Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени предложи Комисијата за заразни болести. Овие две мерки денеска на прес-конференција ги соопшти портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, кој посочи дека нив ги донела Комисијата денеска на состанок и …

Предложено укинување на задолжителниот ПЦР тест при излез од земјава Read More »

Минатата година во државава идентификувани 48 жртви на трговија со луѓе, од кои шест деца


Во државава минатата година биле идентификувани 48 жртви на трговија со луѓе, од кои 39 по потекло од Тајван, а останатите девет биле деца, посочи денеска заменик-народниот правобранител Јован Андоновски на онлајн-конференцијата по повод Европскиот ден на жртвите од криминал, 22 февруари, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. Андоновски информира дека од деветте …

Минатата година во државава идентификувани 48 жртви на трговија со луѓе, од кои шест деца Read More »

Епидемилошката ситуација се смирува, но остануваа потребата од сертификати


Во наредниот период треба да очекуваме дека ќе се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата. Веќе се наоѓаме во онаа надолна крива на епидемиолошката состојба, истакна денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања. Тој претходно на прес-конференција ги соопшти двете нови мерки кои ги предложи Комисијата по одржаниот состанок, а …

Епидемилошката ситуација се смирува, но остануваа потребата од сертификати Read More »

Фоторепортажа: Скопјани со „слалом“ од Католичка до Универзална


Малку дожд и скопските улици се претвораат во невозможна мисија за пешаци. Треба да се внимава некој возач да не те испрска, да не згазите во вирче, да не поминете под олук… Тротоарите, наменетеи за безбедно поминување на пешаците, најмалку им го овозможуваат тоа на скопјани.  Во продолжение видете ги фотографиите од една обична прошетка …

Фоторепортажа: Скопјани со „слалом“ од Католичка до Универзална Read More »

(Видео) Жириновски лани: Русија повторно ќе стане голема, ќе почувствувате на 22.2.2022


  Видео со снимката од говорот на ултранационалистичкиот руски политичар и претседател на Демократската партија Владимир Волфович Жириновски, се шири по социјалните мрежи. Говорот го одржа лани на 27 декември, во руската Дума. „Во 4 часот наутро на 22 февруари ќе ја почувствувате нашата нова политика. Би сакал 2022 година да биде мирна. Но ја …

(Видео) Жириновски лани: Русија повторно ќе стане голема, ќе почувствувате на 22.2.2022 Read More »

Светот на Хари Потер – инспирација за литературен, ликовен и фото-конкурс


Волшебниот свет на Хари Потер е инспирација за новиот литературен, ликовен и фото-конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На овој креативен предизвик, кој е почнат на 18 февруари и ќе трае до 20 март 2022 година, право на учество имаат сите ученици од основните и од средните училишта, како и сите фанови на …

Светот на Хари Потер – инспирација за литературен, ликовен и фото-конкурс Read More »

Арсовска: Реконструкцијата на Универзална оди бавно, оти проектот не бил безбеден


Универзалната сала во Скопје се реконструира, но со намалена динамика, затоа што се откриени  проблеми во проектот, кои може да предизвикаат загрозување на безбедноста на граѓаните, тврди градоначалничката Данела Арсовска. – Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на …

Арсовска: Реконструкцијата на Универзална оди бавно, оти проектот не бил безбеден Read More »

Просечната нето-плата 29.943 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември изнесувала 29.943 денари што е зголемување за 5,8 отсто во однос на декември 2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето, пред сѐ, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,1 отсто, Градежништво за …

Просечната нето-плата 29.943 денари Read More »

Во ЕУ по 505 килограми комунален отпад по глава на жител, кај нас 441


Во просек секое лице во ЕУ во 2020 година создало по 505 килограми комунален отпад, од кои околу 48 проценти биле рециклирани. Меѓу земјите-членки на ЕУ, најмногу комунален отпад создале Данска и Луксембург со 845 кг и 790 кг по глава на жител, додека најмалку Романија (287 кг), Полска (346 кг) и Унгарија (364 кг). …

Во ЕУ по 505 килограми комунален отпад по глава на жител, кај нас 441 Read More »

Наредните денови пониски утрински температури, најстудено в петок


Врнежите што денеска ја зафатија земјава со помал интензитет ќе продолжат и преку ноќта, кога ќе завршуваат повлекувајќи се кон југ и исток. До четврток ќе дува засилен северен ветер, повремено со над 60 километри на час, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе бидат се пониски, а најстудено ќе е в петок …

Наредните денови пониски утрински температури, најстудено в петок Read More »

Истрага за убиство во Битола, побаран притвор за осомничениот


 Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.   -Осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг …

Истрага за убиство во Битола, побаран притвор за осомничениот Read More »

Уставот не предвидува можност за уставна тужба за нарушени права за здрава животна средина


Во Република Северна Македонија граѓаните не може да поднесат барање доколку сметаат дека им се нарушени слободите и правата за здрава животна средина. Ова се коси со секоја заложба за унапредување на правата и зајакнување на демократските капацитети во една држава, затоа што развојот на технологијата носејќи ги со себе бенефитите и алатките за подобрување …

Уставот не предвидува можност за уставна тужба за нарушени права за здрава животна средина Read More »

Членовите на Комисијата за јавни наддавања не сториле кривично дело, смета одбраната во случајот „Топлик“


Од изведените материјални и вербални докази предложени од јавниот обвинител во текот на главната расправа со сигурност не се утврди дека обвинетиот Томе Ѓурчиловски и останатите обвинети го сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, изјави денеска бранителот на обвинетиот Ѓурчиловски, адвокат Часлав Станоевиќ, во своите завршни зборови во случајот „Топлик“. Адвокатот Станоевиќ …

Членовите на Комисијата за јавни наддавања не сториле кривично дело, смета одбраната во случајот „Топлик“ Read More »

Преку проектот „За безбеден град“ до побезбедни училишта во Скопје


Во Големата сала на Советот на Град Скопје, се одржа меѓуинституционална кординативна средба за продолжување на проектот „За безбеден град“. На средбата учествуваа претставници од средните училишта на Град Скопје и претставници од Одделението за превенција при СВР Скопје, со цел утврдување на понатамошните насоки и активности поврзани со реализацијата на овој проект, согласно со …

Преку проектот „За безбеден град“ до побезбедни училишта во Скопје Read More »

На чудна егзопланета паѓа дожд од рубини и сафири


  Џиновска егзопланета оддалечена од нас 855 светлосни години има толку екстремна атмосфера што на неа се наоѓаат облаци од испарен метал и ја посеипуваат дождови од течни рубини и сафири. Научниците дојдоа до овие имтересни податоци по детални анализи на нејзината атмосфера, најдетални до сега, откривајќи прв пат како изгледаат условите и динамиката на …

На чудна егзопланета паѓа дожд од рубини и сафири Read More »