Фоторепортажа: Скопјани со „слалом“ од Католичка до Универзална


Малку дожд и скопските улици се претвораат во невозможна мисија за пешаци. Треба да се внимава некој возач да не те испрска, да не згазите во вирче, да не поминете под олук…

Тротоарите, наменетеи за безбедно поминување на пешаците, најмалку им го овозможуваат тоа на скопјани. 

Во продолжение видете ги фотографиите од една обична прошетка од Универзална сала до Католичка црква. Улицата се вика „Костурски херои“. Ако безбедно ја поминете – слободно може да се сметате за херој.

Фото: Б. Богдановска