Забрана за тешки товарни возила на патот Охрид – Ресен поради врнежи од снег


Фото: Б. Грданоски

Поради врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Охрид-Ресен, планински премин Буково. За останатите учесници во сообраќајот е задолжилетна употреба на зимска опрема, соопшти АМСМ.

Патниот правец Македонски Брод – Скопје (кај село Близанско) е блокиран за сообраќај за сите возила, поради одрон на патот.

На патниот правец Маврово – Жировница повторно е воведена забрана за ТТВ поради обилни врнежи од снег.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа остатоци од кашест снег.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.