Ферстапен ја прекина доминацијата на Хамилтон и прв пат стана шампион на Формула 1


 

Холандскиот возач Макс Ферстапен, денеска во болдот на Ред бул ја освои титулата првак во Фолмула 1.

Ферстапен во одлучувачката трка во Абу Даби денеска славеше и на тој начин во последната трка стигна до својата прва титула во Формула 1.

Ферстапен тргна од првата стартна позиција во војот Ред бул, но возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, веднаш го престигна и го зазеде првото место.

Но, следуваше првиот инцидент кога дојде до контакт меѓу Ферстапен и Хамилтон, но судиите одлучија дека нема да има казни, па Хамилтон остана во водство.

Хамилтон рутински водеше, а едно од возбудувањата се случи кога возачите отидоа на замена на гумите.

Ферстапен прв ги промени во 13-тито, а Хамилтон во 14-тиот круг. Ред бул одлучи да го остави вториот возач Серхио Перез на патеката кој усеа да го успори Хамилтон и да му земе три секунди.

Ферстапен на 21 круг пред крајот го искористи виртуелното возило за безбедност, и на свежи гуми сакаше да го престигне Хамилтон.

Ни тоа не му помогна на Холанѓанецот, доби нов подарок во вид на сигурносно возило кое излезе на патеката пет круга пред крајот откако Николас Латифи со својот Вилијамс се забоде в ѕид.

Ферстапен отиде по меки гуми и чекаше продолжение на трката за да има шанса да го престигне Хамилтон.

Тоа и го направи во последниот круг, па со десеттиот триумф оваа сезона стигна до титулата со осум бода предност пред второпласираниот Хамилтон, со што ја прекина доминацијата на Британецот од четири последователни титули.

На Мерцедес, за утеха, му остана конструкторската титула со 587 бода, односно 28 бода повеќе од Ред Бул.

Германскиот тим со тоа, ја продолжи доминацијата која почна во далечната 2014 година.