На улиците на Виена повеќе од 20.000 луѓе, нападнати и новинари


Повеќе илјади противници на епидемиолошките мерки и најавената задолжителна вакцинација против Ковид-19, протестираа во Виена, а како и порано демонстрациите беа одбележани со инциденти.

Околу 20.000 луше, според полицијата, се собраа во центарот на Виена, на протест кој, како и претходните два пати, повика Слободарската партија на Австрија (FPO).

По прв пат од одржувањето на протестите се обрати и лидерот на партијата Херберт Кикл, кој не можеше да присуствува на претходните протести поради тоа што беше заразен со корона.

„Поединци не сфатија дека владата ги зафркава и дека ги удира по задникот, затоа што им нуди карикатура од слобода место вистинска слобода“, критикуваше Кикл користејќи вулгарни зборови.

Тој рече дека FPO ќе се бори и за сите оние кои тоа не го сфатиле досега, затоа што смета дека тоа е слободарски облик на солидарност.

Кикл е уверен дека секој ден ќе има се повеќе луѓе кои ќе застанат против мерките и дека нема долго да трае оваа влада.

НОд бината се обрати и најголемиот теоретичар на заговори кој има врски со екстремната десница Мартин Рутер.

По говорите демонстрантите тргнаа кон Рингот, вентралната улица на Винеа.

Носеа транспаренти „Не за присилната вакцинација“, „Понастрана рацете од нашите деца“.

Дојде и до инциденти, откако учесниците фрлаа мраз и снег на новинарите кои ги следеа.

Полицијата интервенираше повеќепати и апсеше луѓе.

Инаку, овој трет протест беше најмал, со оглед на тоа дека на претходните имаше и до 40.000 луѓе во центарот на Виена.

Додека бројот на учесниците се намалува, се зголмува присуство на полицијата, па така на овој обезбедуваа 1.400 полицајци, а порано по 1.200.