Ѓоковиќ го освои турнирот во Тел Авив


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на турнирот во Тел Авив. Тој во финалето го победи хрватскиот претставник Марин Чилиќ со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4. Тенисерите на теренот поминаа 1 час и 35 минути. За Ѓоковиќ титулата во Израел беше 89-та во кариерата (сингл). Србинот планира следната недела да учествува на натпревари во …

Ѓоковиќ го освои турнирот во Тел Авив Read More »

Зајкова откри зошто ЛДП го предложи Пенов за нов министер за локална самоуправа


Ристо Пенов никогаш не се оддалечил од Либералдемократската партија и секогаш бил тука во рамките на својата советодавна улога, но и како претседател кој што одбележил добри резултати во текот на неговото претседателство со партијата, изјави потпретседателката и пратеничка од ЛДП, Моника Зајкова, откривајќи зошто поранешниот градоначалник на Скопје е предложен да биде министер за …

Зајкова откри зошто ЛДП го предложи Пенов за нов министер за локална самоуправа Read More »

Македонија и Црна Гора меѓу деветте земји кои го прифаќаат барањето на Украина за членство во НАТО


Девет земји од Централна и Источна Европа, вклучително и Северна Македонија и Црна Гора, го прифаќаат барањето на Украина за членство во НАТО, се вели во заедничката изјава. Документот го потпишаа претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора, Полска и Словачка, кои наведуваат дека „цврсто стојат зад одлуката донесена на Самитот …

Македонија и Црна Гора меѓу деветте земји кои го прифаќаат барањето на Украина за членство во НАТО Read More »

Столтенберг: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста


Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за Ен-Би-Си генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Видовме дека успеаја да ослободат уште еден град, Лиман, а тоа докажува дека Украинците напредуваат, дека можат да ги потиснат руските сили благодарение на нивната храброст, вештина, но …

Столтенберг: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста Read More »

Ураганот Орлен се засили во бура од четврта категорија додека се движи кон западно Мексико


Ураганот Орлен што брзо се засили на четврта категорија се приближува кон западно Мексико, каде се очекува да предизвика поплави опасни по живот, според Националниот центар за урагани, пренесува Си-Ен-Ен. Ураганот, со максимални постојани ветрови од 130 милји на час, се предвидува дека ќе стигне до брегот на континенталниот дел на Мексико во понеделник или …

Ураганот Орлен се засили во бура од четврта категорија додека се движи кон западно Мексико Read More »

Во координиран одговор, членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори


Земјите од Европската унија почнаа да ги повикуваат на разговор руските амбасадори во нивните престолнини како координиран одговор на руската нелегална анексија на украински територии, изјави денеска за ДПА официјален претставник на ЕУ. Германија го повикала рускиот амбасадор во Берлин, потврди германското Министерство за надворешни работи за ДПА. Во министерствата за надворешни работи за понеделник …

Во координиран одговор, членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори Read More »

До 15 часот излезноста во БиХ – 35 отсто


Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ги објави податоците за излезноста на општите избори во земјата до 15:00 часот. Претседателот на ЦИК Суад Арнаутовиќ рече дека е задоволен од вкупниот одѕив на гласачите до 15 часот. „Веднаш на почетокот сакам да го соопштам одѕивот на гласачите. Вкупниот одѕив е 1.164.261 гласач или 35 отсто, …

До 15 часот излезноста во БиХ – 35 отсто Read More »

Излезноста на парламентарните избори во Бугарија до 16 часот е 25,58 отсто


Излезноста на гласачите на предвремените парламентарни избори што се одржуваат во Бугарија до 16 часот по локално време изнесува 25,58 отсто. Највисока е во еден од регионите во Софија – 33,95 отсто, а најниска – во Карџали – 19,72 отсто, објави Централната изборна комисија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ист процент излезност …

Излезноста на парламентарните избори во Бугарија до 16 часот е 25,58 отсто Read More »

Чави сруши рекорд на Зидан: Сè е џабе ако не освојуваме трофеи


Фудбалерите на Барселона синоќа ја победија Мајорка на гости, а тренерот на каталонскиот тим Чави се запиша во историјата на шпанската Ла Лига. Барселона победи со 1:0 со голот на Роберт Левандовски во 20. минута, а Чави го доведе својот тим до 18. последователен натпревар без пораз на гостински терен и со тоа го собори …

Чави сруши рекорд на Зидан: Сè е џабе ако не освојуваме трофеи Read More »

Перез победи на трката за Големата награда на Сингапур


 Пилотот на Ред Бул, Серхио Перез победи на трката од Формула 1 шампионатот возена попладнево по македонско време за Големата награда на Сингапур. Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц завршија на второто и третото место, додека тимските колеги од Мекларен, Ландо Норис и Дан Рикардо завршија на четвртото и петтото место. Лидерот во …

Перез победи на трката за Големата награда на Сингапур Read More »

Албанија за октомври купи струја за 34 милиони евра


Албанската електрокорпорација, КЕШ, обезбеди енергија за да ги задоволи потребите на земјата за месец октомври, во вредност од околу 34 милиони евра. Според податоците, купени се вкупно 74.500 мегавати по просечна цена од 455,24 евра. До сега КЕШ обезбедуваше струја за најмногу десет дена. Ова е првпат да обезбеди струја за цел месец што се …

Албанија за октомври купи струја за 34 милиони евра Read More »

Општина Аеродром го објави повикот: По 1.000 денари месечно за струја за сиромашни


Социјално загрозените лица од Општина Аеродром кои се најпогодени од финансиската и енергетската криза ќе добиваат месечен надомест како финансиска помош за октомври, ноември и декември. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување парична помош, на кој заклучно со 14 октомври, ќе можат да аплицираат социјално загрозени лица кои се најпогодени од енергетската …

Општина Аеродром го објави повикот: По 1.000 денари месечно за струја за сиромашни Read More »

Германија, Данска и Норвешка купиле хаубици за Украина


Германија, Данска и Норвешка нарачале серија оружје со долг дострел за Украина. Испораката на 16 словачки хаубици „Зузана-2″, која штотуку беше најавена од германското Министерство за одбрана, ќе започне следната година. Ова следи по повиците од Украина за повеќе оружје за да се надградат неодамнешните успеси на бојното поле. Топовите, кои можат да испукаат шест …

Германија, Данска и Норвешка купиле хаубици за Украина Read More »

Уапсен измамник кој зел 50.000 евра лажејќи за сообраќајки


Денеска, во 9 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ полициски службеници го лишија од слобода Н.П.С. (34) од Плевен, Република Бугарија. По претходно преземени оперативно тактички мерки од страна на СВР Скопје и добиени оперативни податоци од бугарските полициски служби, утврдено е дека Н.П.С. е сторител на повеќе кривични дела „измама“ по чл.247 од КЗ. …

Уапсен измамник кој зел 50.000 евра лажејќи за сообраќајки Read More »

Шанса за Центар: Како се станува директор на ПОЦ?


Граѓанската иницијатива Шанса за Центар остро реагира на нетранспарентното објавување оглас за работното место директор на Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар. Оттаму реагираат дека се чини „прв и најважен услов за некој да стане директор на Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар е да чита дневен весник. Како инаку би дознал дека воопшто постои …

Шанса за Центар: Како се станува директор на ПОЦ? Read More »

Невремето остави делови од Гостивар без струја


Како последица од вчерашното силно невреме, жителите на градското подрачје во Гостивар навечер се соочија со краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Од Електродиструбуција информираат дека прекини во снабдувањето настанале поради испад на среднонапонски вод. – Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го санираа овој среднонапонски дефект, но во меѓувреме се појавија …

Невремето остави делови од Гостивар без струја Read More »

Русите со дронови-камикази го нападнале родниот град на Зеленски


  Руските сили го нападнаа Криви Рех со дронови-камикази, јави АП. Се работи за родниот град на украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Нападот на јужниот украински град во кој Зеленски пораснал се случил рано утрово, вели Валентин Резниченки, гувернер на Дњепропетровск, додавајќи дека во нападот се уништени два ката од училиште. Русија се повеќе користи ирански …

Русите со дронови-камикази го нападнале родниот град на Зеленски Read More »

Шмит: По изборите нема сите во БиХ да бидат среќни, но потребно е да се прифатат изборните резултати


Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит денеска го посети избирачкото место на Електротехничкиот факултет во Источно Сараево за да се увери, како што наведе, дали таму се почитуваат сите права и процедури. Тој оцени дека е многу важно набљудувачите да се на нивните места, не само оние кои ги поставуваат политичките партии, …

Шмит: По изборите нема сите во БиХ да бидат среќни, но потребно е да се прифатат изборните резултати Read More »

Рускиот Уставен суд ја потврди анексијата на украински територии


Уставниот суд на Руската Федерација објави дека не ја смета меѓународно непризнаената анексија на четири украински територии за кршење на руските закони. Вклучувањето на регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје во Руската Федерација е во согласност со Уставот, објави денеска судот во Санкт Петербург, пренесува државната новинска агенција ТАСС. Меѓународната заедница го осудува потегот на …

Рускиот Уставен суд ја потврди анексијата на украински територии Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра, СДСМ вели дека лажат


Фирми основани од премиерот Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис додека Македонија е на колена, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, објавувајќи ја како што ја нарекоа, аферата „Броило“. Фирми основани од премиерот Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис преку злосторничко здружување во соларен картел обвинија …

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра, СДСМ вели дека лажат Read More »