Чави сруши рекорд на Зидан: Сè е џабе ако не освојуваме трофеи


Фудбалерите на Барселона синоќа ја победија Мајорка на гости, а тренерот на каталонскиот тим Чави се запиша во историјата на шпанската Ла Лига.

Барселона победи со 1:0 со голот на Роберт Левандовски во 20. минута, а Чави го доведе својот тим до 18. последователен натпревар без пораз на гостински терен и со тоа го собори рекордот што до синоќа го држеше Реал под водство на Зинедин Зидан.

Од тие 18 натпревари под водство на Чави, Барселона победи на 13 и петпати ремизираше.

Интересно, ова се сите 18 натпревари на кои Чави ја водеше Барса на гостински терен откако во ноември минатата година стана тренер на клубот чиј играч е легенда.

„Ако соборуваме рекорди и не освојуваме трофеи, тогаш сè за џабе. Добрите резултати на гостински терен покажуваат дека добро ја вршиме работата, но на крајот ништо од тоа нема да биде важно ако не освоиме трофеи“, изјави Чави и покажа дека е фокусиран на успехот на клубот, а не на индивидуалните рекорди.

А Чави сега се соочува со најтешкиот можен предизвик да ја зачува својата низа без пораз, бидејќи Барса е домаќин на Реал во Мадрид на 16 октомври. На претходниот меч во Мадрид, Чави ја предводеше Барса до победа од 4:0.