Битолчанка тешко повредена во сообраќајка кај Ресен


Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Ресен-Битола, после местото викано „Чешмите“. Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „рено талисман“ со хрватска национална ознака, управувано од М.И.(39) од Република Хрватска и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(34) …

Битолчанка тешко повредена во сообраќајка кај Ресен Read More »

Малолетници со метални предмети се тепале пред кумановско училиште


Малолетници се степале во Куманово, употребувајќи метални и тврди предмети, соопшти денеска полицијата. -Вчера од 17:30 до 18:30 часот во Полициската станица Куманово на службен разговор биле повикани пет малолетници од Куманово затоа што со група од други малолетници околу 13 часот пред средно училиште во Куманово физички ги нападнале Ф.К.(18) и уште едно лице, …

Малолетници со метални предмети се тепале пред кумановско училиште Read More »

Русите тврдат дека Американците ги спречиле да учествуваат на конференција за нуклеарна енергија во Вашингтон


 Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ тврди дека САД практично ја блокирале Русија да присуствува на конференцијата за нуклеарна енергија во Вашингтон, со тоа што не им дале влезни визи. Росатом и руската организација за индустриска безбедност, Ростехнадзор, планираа да присуствуваат на министерската конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Вашингтон на 26 и 28 октомври, соопшти Росатом, …

Русите тврдат дека Американците ги спречиле да учествуваат на конференција за нуклеарна енергија во Вашингтон Read More »

Петровска: Придонесот на жените како лидери е поважен од зголемувањето на процентите


„Северна Македонија е позитивен пример во доменот на родовата еднаквост и родовата перспектива и тоа го кажувам од личен пример – јас сум министерка за одбрана и не сум првата жена која била поставена на оваа позиција. За мене е многу важно придонесот на жените да се гледа од квалитативен аспект, како жени лидери и …

Петровска: Придонесот на жените како лидери е поважен од зголемувањето на процентите Read More »

Парно има кога температурата е под 15 степени, договорот поставен и на веб страницата на ЕСМ


Заклучно со вчерашниот ден, потпишани се вкупно 3.800 договори со ЕСМ снабдување ДООЕЛ Скопје, информираше денеска на прес-конференција помошник-директорот за топлинска енергија во АД ЕСМ, Александра Маројевиќ. Инаку, како што потсети Маројевиќ, во изминатата недела потрошувачите на АД ЕСМ пристапуваа кон трите пунктови во населбата Тафталиџе, во олимпискот базен во Центар и во пунктот кој …

Парно има кога температурата е под 15 степени, договорот поставен и на веб страницата на ЕСМ Read More »

Груби: Жените придонесоа многу со тоа што храбро и отворено ги отфрлија предрасудите во општеството


За жал, сè уште има луѓе кои не научиле од тажните настани, од катастрофите на минатите војни, од ужасните дела на злите идеологии и деструктивни режими кои оставија многу урнатини, буквално и метафорично. Ехото на раните на илјадници девојки и жени кои станаа жртви на насилство е толку гласно, а лечењето на нивните рани е …

Груби: Жените придонесоа многу со тоа што храбро и отворено ги отфрлија предрасудите во општеството Read More »

Кацарска: Пратениците да го комплетираат Уставниот суд затоа што Уставот предвидува девет судии


Пратениците мора да смогнат сила и да го почитуваат Уставот, да го комплетираат Уставниот суд затоа што Уставот предвидува девет судии, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во интервју за „Слободна ТВ“, по повод актуелниот проблем со недостигот на уставни судии Кацарска. -Колку што имам информација  веќе заврши дискусијата за двајца судии, тоа значи …

Кацарска: Пратениците да го комплетираат Уставниот суд затоа што Уставот предвидува девет судии Read More »

Граѓаните имаат повеќе трошоци од плата, понудата за гас е доставена до Владата


Граѓаните имаат повеќе трошоци, а помалку плата, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, велејќи дека не само што не е покачена просечната плата како што кажува премиерот туку реалното покачување е негативно. Според него, инфлацијата во Македонија е убедливо највисока во регионот и изнесува 18,7 проценти, така што зголемувањето на платите не е реално, …

Граѓаните имаат повеќе трошоци од плата, понудата за гас е доставена до Владата Read More »

ТикТок ќе им забрани на децата да пренесуваат во живо


Социјалната мрежа ТикТок сака да ги спречи децата да покренат (livestream) пренос во живо, така што ќе ја подигне ворасната граница. Новото правило на ТикТок стапува на сила од ноември, а според тоа возрасната граница ќе биде подигната од 16 на 18 години. Претходно, Би-би-си објави истражување со кое пронашле стотици деца кои со livestream …

ТикТок ќе им забрани на децата да пренесуваат во живо Read More »

(Видео) Поранешниот кинески лидер Ху Џинтао изнесен од Конгресот на Комунистичката партија


Поранешниот кинески лидер Ху Џинтао беше изнесен од церемонијата за затворање на Конгресот на Комунистичката партија во Пекинг. Ху (79) со изнемоштен изглед седеше покрај претседателот Шји Џинпинг кога официјални лица му пријдоа и го изнесоа надвор. Не беше дадено објаснување. 【胡锦涛动作显示不自愿地被带离场】【拒绝"被搀扶"、试图再坐下、拍打李克强手臂、习近平反应冷淡】法新社画面显示,工作人员首先拿起了胡锦涛的眼镜,当尝试搀扶他时,胡锦涛右手缩回去,然后胡锦涛伸手拿习近平枱上的文件,工作人员即时制止。之后习近平头部转向相反方向,没有再理会胡锦涛。 pic.twitter.com/Y32PJyksP1 — 自由亚洲电台 (@RFA_Chinese) October 22, 2022 Еден вработен се обиде да го …

(Видео) Поранешниот кинески лидер Ху Џинтао изнесен од Конгресот на Комунистичката партија Read More »

На Мексико му се заканува силен удар од ураганот Рослин


Пацифичкот брег на Мексико најверојатно ќе биде погоден од ураганот Рослин кој со себе носи опасна бура и поплави, соопшти американскиот Националнен ценатр за урагани. Мексиканските власти апелираат жителите на некои области да се сокријат на безбедно. Послин во петокот зајакна во категорија еден за урагни кдодека се приближуваше до летувалиштата во централно Мексико. Подготовките …

На Мексико му се заканува силен удар од ураганот Рослин Read More »

Вработен на онкологија зел мито за да издаде терапија на пациентка


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 21.10.2022 до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против К.У.(24) од Дебар, за сторено кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по член 357 од Кривичниот законик. К.У., вработен во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, за …

Вработен на онкологија зел мито за да издаде терапија на пациентка Read More »

СДСМ бара посебна седница на Совет за хаосот во ЈП во Скопје


СДСМ бара посебна седница на Советот на град Скопје за хаосот, за состојбата во јавните претпријатија. – За само една година, ВМРО-ДПМНЕ во Скопје предизвика целосен колапс на градот и јавните претпријатија под негова надлежност. Поради рацете во медот, поради бизнис интереси граѓаните на Скопје остануваат без основните функции. Два дена Скопје беше без јавен …

СДСМ бара посебна седница на Совет за хаосот во ЈП во Скопје Read More »

Шмигал предупреди на „ново мигрантско цунами“ доколку Русија продолжи со нападите врз Украина


Украинскиот премиер Денис Шмигал предупреди на „ново мигрантско цунами“ доколку Русија продолжи со нападите врз цивилната инфраструктура на неговата земја. Шмигал, кој в понеделник треба да учествува на германско-украинскиот економски форум во Берлин, ја обвини Москва дека сака да предизвика „хуманитарна катастрофа во Украина“, се вели во делови од неговото интервју за неделното издание на …

Шмигал предупреди на „ново мигрантско цунами“ доколку Русија продолжи со нападите врз Украина Read More »

Во Аеродром, следниот месец треба да се отвори градинката „Црвенкапа“


Проблемот со сместување на децата во градинка во општина Аеродром, ќе го намали отворањето на градинката „Црвенкапа“, која е при крај, а на нејзина изградба работеа три општини администрации.   – Се работи за еден објект кој што на свој начин има континуитет од две претходни општински администрации, проектирање, планирање и така натаму, но тоа што …

Во Аеродром, следниот месец треба да се отвори градинката „Црвенкапа“ Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Данела Арсовска


Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање како ги коментира случувањата во градот Скопје околу Советот и состојбата со претпријатијата посочи дека целата ситуација наликува на театар, а работниците трпат. Митева укажа дека за сѐ што се случува е виновна Данела Арсовска и поради тоа треба да си поднесе оставка. -Додека СДСМ, директорот на …

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Данела Арсовска Read More »

Средба Керим -Савада: Подобра промоција за зголемување на туристичката размена со Јапонија


Туристичкиот потенцијал, видовите туризам и можностите за инвестирање во овој сектор беше тема на состанок на претседателот на Туристичко-угостителска комора и потпретседател на Сојузот на стопански комори, задолжен за меѓународна соработка, Аркан Керим и амбасадорот на Јапонија, г. Хиронори Савада. На средбата се констатираше дека постои голем туристичките потенцијали и дека со подобра промоција на …

Средба Керим -Савада: Подобра промоција за зголемување на туристичката размена со Јапонија Read More »

Во тек подготовките за вториот Ендуро и „Офф роад“ натпревар во Делчево


Привршуваат подготовките за вториот Ендуро и „Офф роад“ натпревар кој ќе се одржи на почетокот на месец ноември во Делчево. Организатор на настанот е здружението Мото клуб „Ендуро Тим“, чии членови деновиве работат на уредување на мото патеката која е предвидена на земјен терен над манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“. – По успешно организираната трка минатата …

Во тек подготовките за вториот Ендуро и „Офф роад“ натпревар во Делчево Read More »

Изгоре стан во Аеродром, се запалил од плинска боца


Стан во зграда на булевар „АСНОМ“, на потегот меѓу хотел „Русија“ и хотел „Хилтон“ утринава е опожарен од плинска боца. Пожарот кој е пријавен нешто пред 10 часот е изгаснат и нема жртви. Интервенирано со пет противпожарни возила и 14 пожарникари.

Во Скопје, два дена, филмски ќе се пука


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од страна на менаџерот на продукција на играниот филм „Син портокал“ сме известени дека од утре, 23.10, до 25.10.2022 во периодот од 9 до 18 часот во објект на ул.„Фредерик Шопен“ во Скопје ќе се снимаат сцени за филмот во кој ќе биде употребено огнено оружје.  МВР …

Во Скопје, два дена, филмски ќе се пука Read More »