ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Данела Арсовска


Фото: Б. Грданоски

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање како ги коментира случувањата во градот Скопје околу Советот и состојбата со претпријатијата посочи дека целата ситуација наликува на театар, а работниците трпат. Митева укажа дека за сѐ што се случува е виновна Данела Арсовска и поради тоа треба да си поднесе оставка.

-Додека СДСМ, директорот на ЈСП од СДС и Арсовска си ја префрлаат вината, градот тоне во долгови. Целата ситуација наликува на театар во кој Арсовска се профилира како продолжена рака на СДСМ додека работниците трпат и се случува девастирање на сите јавни претпријатија. Она што факт е дека Данела Арсовска е онаа која што е виновна за хаосот во градот и поради тоа треба да си поднесе оставка, на ЈСП покрај што му должи неспособната влада, должи и Арсовска, рече Митева.