На Мексико му се заканува силен удар од ураганот Рослин


Пацифичкот брег на Мексико најверојатно ќе биде погоден од ураганот Рослин кој со себе носи опасна бура и поплави, соопшти американскиот Националнен ценатр за урагани.

Мексиканските власти апелираат жителите на некои области да се сокријат на безбедно. Послин во петокот зајакна во категорија еден за урагни кдодека се приближуваше до летувалиштата во централно Мексико.

Подготовките за заштита на животите и имотите на населението треба да завршат што побрзо за областите за кои е издадено предупредување во мексиканските држави Халиско и Хајарит, истакнуваат локалните власти.

Се претпоставува дека ураганскиот налет ќе дојде до брегот до крајот на денот или утре наутро.

Цетарот предвидува дека Рослин може да донесе ветерови со брзина од 180 км/ч кога ќе поминува низ Сан Блас, пред да ослаби и да продре повнатре кон копното.

Во петокот ветровите беа со брзина од 140 км/ч.

Прогнозите велат дека Рослин ќе донесе обилни врнежи на југозападот на Мексико, во делови од државите Колима, Халиско, Најарит и Синалоа.