Малолетници со метални предмети се тепале пред кумановско училиште
Малолетници се степале во Куманово, употребувајќи метални и тврди предмети, соопшти денеска полицијата.
-Вчера од 17:30 до 18:30 часот во Полициската станица Куманово на службен разговор биле повикани пет малолетници од Куманово затоа што со група од други малолетници околу 13 часот пред средно училиште во Куманово физички ги нападнале Ф.К.(18) и уште едно лице, двајцата од село Слупчане, липковско, ученици во училиштето, информираше полицијата.