Ќе се проширува малиот и опасен пешачки остров во Аеродром


По дојава на граѓаните на 112 и активната иницијатива во Центарот за управување со кризи почна решавање на навидум мали работи, а всушност големи за сообраќајната безбедност на граѓаните во конкретна урбана средина. – Конкретно, по алармирањето на граѓаните на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за опасност по пешаци и велосипедисти заради …

Ќе се проширува малиот и опасен пешачки остров во Аеродром Read More »

Тензично на комисиската расправа за избор на Јовески за уставен судија


Во тензична атмосфера денеска продолжи расправата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На почетокот на седницата неколкумина членови на Комисијата се пријавија за процедурална забелешка. Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ побара седницата да биде прекината, да се даде пауза или да се повлече точката од дневниот …

Тензично на комисиската расправа за избор на Јовески за уставен судија Read More »

Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП


Од претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје, соопштија од ова јавно претпријатие. Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна …

Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП Read More »

Уште тројца каснати од кучиња скитници


Едно девочје и двајца повозрасни граѓани се каснати од кучиња скитници во изминатото деноноќите.  Вчера, во 15.35 часот во Полициската станица Карпош, П.К.(44) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци бил каснат од куче скитник. Истиот ден,  во 12.35 часот, С.В.(54) од Кичево во полициска станица пријавила дека на ул.„Магистрален пат“ во Кичево била касната од …

Уште тројца каснати од кучиња скитници Read More »

Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика


Стручната расправа во Апелациониот суд Штип е прва во серијата  расправи за новиот Кривичен законик на ниво на апелациони подрачја.  После 27 години се добива нов законски текст со кој ќе се подобри правната сигурност на граѓаните. Министерот за правда, Никола Тупанчески во своето обраќање се осврна на новините во неколку клучни сегменти. Со новиот Кривичен законик се врши …

Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика Read More »

Апелационото подрачје на Штип останува без голем број судии – ќе застарат случаи


Судии и обвинители фалат во апелационото подрачје на Штип, заклучил министерот за правда Никола Тупанчески, кој денеска беше во посета на Апелациониот суд во Штип, а за решавање на тој проблем ќе мора итно да се преземат мерки. – Недостатоците се однесуваат на бројот на вработени судии, обвинители, бројот на предмети на кои работата судиите …

Апелационото подрачје на Штип останува без голем број судии – ќе застарат случаи Read More »

Протести за зголемување на платите во Велика Британија


Околу половина милион луѓе ќе учествуваат во протестот со барање за зголемување на платите во Белика Британија, најголеми демонстрации од 2011 година. Учителите, државните службеници, граничарите и машиновозачите ќе излезат на улиците на британските градови. Владата ја предупреди јавноста дека ќе има значителни нарушувања во сообраќајот. Се очекува дека повеќе илјади школи во Англија, Велс, …

Протести за зголемување на платите во Велика Британија Read More »

Тања Фајон потврди дека двајцата уапсени во Словенија се шпиони


Шефицата на словенечката дипломатија, Тања Фајон потврди дека двајцата странски државјани обвинети за шпионажа се припадници на руските разузнавачки служби. Фајон рече дека тие се уапсени во декември и дека се осомничени за делување против националните интереси на Словенија, но дека амбасадорот на Русија во Љубљана уште не е повикан во Министерството за надворешни работи. …

Тања Фајон потврди дека двајцата уапсени во Словенија се шпиони Read More »

Дел од вработените во МАНУ ќе штрајкуваат на 9 февруари поради малите плати


Од Сојузот на синдикати на Македонија соопштија дека членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, на 9 февруари 2023 ќе стапат во штрајк поради ниски плати. Во известувањето се наведува дека ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици …

Дел од вработените во МАНУ ќе штрајкуваат на 9 февруари поради малите плати Read More »

Германскиот конзулат во Истанбул затворен поради опасност од напад


Германскиот конзулат во Истанбул денеска е затворен поради зголемена закана од напад во најголемиот турски град, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим. Германското МНР соопшти дека потегот за затворање …

Германскиот конзулат во Истанбул затворен поради опасност од напад Read More »

Груби: Со автопат со три ленти ќе се поврземе со Албанија, договорот ќе го потпишеме во четврток


Првиот вицепремиер Артан Груби на средбата со граѓаните на Врапчиште изјави дека конечно ИРД, италијанска компанија доставила гаранција и го потпишала договорот за надзор на изградбата на Коридорот 8. Како што вели тој во четврток ќе се потпише договор со компанијата Бехтел Енка, која треба да го гради автопатот кон Албанија. -Денес, конечно италијанската компанија …

Груби: Со автопат со три ленти ќе се поврземе со Албанија, договорот ќе го потпишеме во четврток Read More »

Пожарникари во Англија фотографирале тела на жени загинати во несреќи


  Англиската полиција ги истражува тврдењата дека пожарникари од противпожарната служба на Дорсет и Вилтшир фотографирале тела на жени загинати до сообраќајки и потоа наведените слики ги споделувале на Ватсап групата. Се појавија наводи дека пожарникарите во Ватсап групата пишувале понижувачки коментари за жртвите. Пожарникарка за ITV News потврди дека пожарникарите ја коментирале долната облека …

Пожарникари во Англија фотографирале тела на жени загинати во несреќи Read More »

Австралиските власти ја пронајдоа радиоактивната капсула


Австралиските власти денеска ка пронајдоа радиоактивната капсула што минатата недела при транспорт беше загубена во Западна Австралија, соопшти државниот министер за вонредни ситуации. Британските медиуми пренесуваат дека точно една недела траеше потрагата по капсулата, што испаднала од камион на патот долг 1.400 километри низ Западна Австралија меѓу градовите Њуман и Перт. Камионот со капсулата пристигна …

Австралиските власти ја пронајдоа радиоактивната капсула Read More »

(Видео) Ѕвездарница во Хрватска ја сними зелената комета: „Никогаш повеќе нема да помине“


  Кометата C/2002 E3 (ZTF) денеска ќе биде најблиску до Земјата. Кај оваа комета интересно е што повеќе никогаш нема да се врати, пишува Хрватскиот астрономски сојуз. „Кометата C/2022 E3 (ZTF) е долгопериодична комета која дојде до самиот раб на Сончевиот систем, односно до Оортовиот облак, а ја откри ѕвездарницата „Звики“во април 2022 година. Кометата …

(Видео) Ѕвездарница во Хрватска ја сними зелената комета: „Никогаш повеќе нема да помине“ Read More »

Сопругата на Дани Алвеш побара развод


Шпанија- Сопругата на брзилскиот фудбалер Дани АЛвеш, Јоана Санз, поднесе документи за равод откако нејзиниот сопруг беше обвинет за сексуален напад. Наводниот напад се случил во ноќен клуб „Sutton“ во Барселона на 30 декември 2022 година, а Алвеш е уапсен на 20 јануари. Во моментот е во притвор без можност за кауција, но се обидува …

Сопругата на Дани Алвеш побара развод Read More »

Оптимистичка прогноза на ЕБОР: Албанската економија ќе порасне за 3 отсто, но инфлацијата и иселувањето се закана


Масовната имиграција ја намалува работната сила и долгорочно може да влијае на економскиот раст на земјата.   Загриженоста, како што јави Топ чанел,  ја изнесол гувернерот на Централна банка на Албанија Гент Сејко, при  презентацијата на Извештајот за транзиција за периодот 2022-2023 година, подготвен од Европската банка за обнова и развој(ЕБОР).   – Како земја …

Оптимистичка прогноза на ЕБОР: Албанската економија ќе порасне за 3 отсто, но инфлацијата и иселувањето се закана Read More »

Блинкен: Да се усвојат мерки за деескалација и да запре израелско-палестинското насилство


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е „тажен“ поради смртта на „невините Палестинци“ во израелско-палестинското насилство, за време на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег.  „Дозволете ми на почетокот да изразам сочувство и тага за смртта на невините палестински цивили кои ги загубија животите во ескалацијата на насилството во последната …

Блинкен: Да се усвојат мерки за деескалација и да запре израелско-палестинското насилство Read More »

„Еуроњуз“: САД го блокираат влезот на Косово во СЕ до промена на ставот за ЗСО


 Српската редакција на „Еуроњуз“ денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО). „Еуроњуз“ повикувајќи се на дипломатски извори објави дека министерствата за надворешни работи на одредени европски земји членки на СЕ, …

„Еуроњуз“: САД го блокираат влезот на Косово во СЕ до промена на ставот за ЗСО Read More »

Франција ќе и испорача на Украина уште 12 самоодни хаубици „Цезар“


Франција на Украина ќе и испорача уште 12 самоодни хаубици „Цезар“, најави денеска францускиот министер за вооружени сили, Себастијан Лекорну, по средбата во Париз со украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников. Франција ќе испрати и 150 француски старешини во Полска, каде што е предвидено во рок од еден месец да обучат до 600 украински војници. …

Франција ќе и испорача на Украина уште 12 самоодни хаубици „Цезар“ Read More »

Белград го објави Извештајот за преговарачкиот процес со Приштина од 1 септември минатата до 15 јануари оваа година


 Извештајот на српската Влада за преговарачкиот процес со Приштина е доставен до пратениците, соопшти Парламентот во Белград, јавија српските медиуми. „Извештајот за преговарачкиот процес со институциите на привремената самоуправа во Приштина“ што Владата на Србија го достави до пратениците, се однесува на периодот од 1 септември 2022 година до 15 јануари 2023 година, објавен е …

Белград го објави Извештајот за преговарачкиот процес со Приштина од 1 септември минатата до 15 јануари оваа година Read More »