Пожарникари во Англија фотографирале тела на жени загинати во несреќи


 

Англиската полиција ги истражува тврдењата дека пожарникари од противпожарната служба на Дорсет и Вилтшир фотографирале тела на жени загинати до сообраќајки и потоа наведените слики ги споделувале на Ватсап групата. Се појавија наводи дека пожарникарите во Ватсап групата пишувале понижувачки коментари за жртвите.

Пожарникарка за ITV News потврди дека пожарникарите ја коментирале долната облека на жртвите кои ја носеле за време на несреќата. Од пожарната служба порачаа дека се шокирани и ужаснати од обвиненијата. полицијата воДорсет по советувањето со поливијата од Витшир најави истрага, пишува Би-Би-Си.

Пожарникарите се загрижени за обвинувањата

„Набљудувањето мртво тело треба да ве раскинува, а не да ве поттикне да го фотографирате, само за потоа да се шегувате со тоа. Затоа што тоа е нечија сакана личност, зар не? Тоа е нечија роднина“, вели пожарникарката.

Неколку пожарникарки исто така, проговорија за постојаното сексуално вознемирување на кое се изложени во станицата, а спомнуваат дека еден пожарникар барал од нив сексуални услуги на местото на пожарот. Од противпожарната служба велат дека „се длабоко загрижени“ поради обвиненијата и најавија истрага.

„како дел од оваа изтрага, ќе им пружиме можност на сите наши вработени да разговараат со независни организации. Би ги замолиле сите жртви да достават дополнителни информации за да можеме да ги истражиме овие обвиненија“, вели Бен Ансел, главен протипожарен офицер.

Темелно ќе се истражат сите информации

„Ограничени детали достапни во извештајот се многу загрижувачки и разбирливо е дека ќе предизвикаат загриженост во јавноста, а посебно во семејствата на жртвите. Ја делиме таа загриженост и темелно ќе ги истражиме сите информации или докази кои се споделуваат со нас“, порача портпаролот на полицијата на Дорсет.

Од полицијата тврдат дека побарале дополнителни детали од ITV News, но уште не добиле никаков одговор. Овие обвиненија доаѓаат откако пожарникарската и спасувачката служба мна Јужен Велс во декември почна независна ревизија за наводите за сексуално вознемирување.