Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП


Од претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје, соопштија од ова јавно претпријатие.

Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики).

Прегледот на локациите од дистрибутивната мрежа е достапен на фејсбук страницата на ЈСП Скопје (www.facebook.com/jspskopjee).